Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 30

:
Macedonian - 1990
1 Рахил, гледајќи дека не му раѓа деца на Јакова, ѝ позавиде на сестрата своја, па му рече на Јакова: »Дај ми деца, ако не јас ќе умрам!«
2 А Јаков се налути на Рахил, и ѝ рече: »Зар јас сум тој, а не Бог, што не ти дал плод на утробата?«
3 И му рече Рахил на Јакова: »Ене ја слугинката моја Вала; влези при неа; нека ми роди таа в скут, па јас ќе имам деца од неа.«
4 И му ја даде Вала, слугинкака своја, за жена, и Јаков влезе при неа.
5 И Вала зачна, и му роди на Јакова син.
6 А Рахил рече: »Бог ми пресуди и го чу гласот мој, та ми даде син.« Затоа му стави име Дан.
7 И Вала, слугинката на Рахил, пак зачна, и му роди втор син на Јакова.
8 А Рахил рече: »Ми помага Бог. Жестоко се борев со сестрата моја, но победив.« И му кладе има Нефталим.
9 А Лија, гледајќи дека престана да раѓа, ја зеде слугинката своја Зелфа и му ја даде на Јакова за жена; и тој влезе при неа.
10 И зачна Залфа, слугинката на Лија, и му роди на Јакова син;
11 Тогаш Лија рече: »Дојде честа моја.« Па го нарече Гад.
12 И пак зачна Зелфа, слугинката Лиина, и му роди на Јакова и втор син.
13 И рече Лија: »Блазе мене, зашто блажена ќе ме наречуваат жените!« Затоа му стави име Асир.
14 А кога се жнееше пченицата, излезе Рувим во полето и најде мандрагори, па ѝ ги донесе на Лија, мајката своја. А Рахил ѝ рече на Лија, сестрата своја; »Дај ми од мандрагорите на синот твој!«
15 Лија, пак, рече: »Малку ли ти беше што ми го зеде мажот? Сакаш да ми земеш и од мандрагорите на синот мој?« Рахил ѝ одговори: »Тогаш нека легне ноќеска со тебе за мандрагорите од синот твој.«
16 И вечерта, кога Јаков се враќаше од полето, му излезе Лија во пресрет и рече: »Влези при мене, зашто те откупив за мандрагорите од синот мој!« И легна тој со неа таа ноќ.
17 А Бог ја послуша Лија, и таа зачна, па му го роди на Јакова петтиот син.
18 И рече Лија: »Бог ми даде награда, затоа што му ја дадов слугинката своја на мажот мој.« И му даде име Исхар, што значи награда.
19 И пак зачна Лија, и му го роди на Јакова шестиот син.
20 И рече Лија: »Бог ме награди со убав дар, па можеби сега ќе ме засака мажот мој, бидејќи му родив шест синови.« Затоа го нарече Завулон.
21 Потоа роди ќерка и ѝ стави име Дина.
22 Но Бог си спомна и за Рахил. И ја услиша Бог, па ја отвори утробата нејзина.
23 Таа зачна и му роди на Јакова син, па рече Рахил: »Бог го отстрани од мене срамот мој.«
24 И му даде име Јосиф, велејќи: »Бог ќе ми даде и друг син.«
25 А кога Рахил го роди Јосифа, му рече Јаков на Лавана: »Пушти ме и ќе си одам во моето место и во својата земја.
26 Дај ми ги жените мои, и децата мои, за кои ти служев, и да си одам; а ти знаеш како ти служев.«
27 Лаван му рече: »Немој, ако сум нашол милост пред тебе. Гледам дека Бог ме благослови поради тебе.«
28 И уште рече: »Барај плата, колку што сакаш, и јас ќе ти дадам.«
29 А Јаков му одговори: »Ти знаеш како ти служев и колку многу ти се зголеми добитокот со мене;
30 оти малку беше она, што го имаше, додека не дојдов јас; но многу се намножи, бидејќи Господ Бог те благослови кога дојдов јас. Па кога и јас за себе така куќа ќе куќам?«
31 И му рече Лаван: »Што бараш да ти дадам?« А Јаков одговори: »Не треба ништо да ми дадеш. Но направи онака како што ќе ти кажам, а јас, пак, ќе го пазам стадото твое и понатаму.
32 Ќе го обиколам денес целото стадо твое и оддели секоја шарена овца и секоја црна и секоја шарена и пружеста коза. И тоа нека биде платата моја!
33 Така после ќе ми посведочи справедливоста моја пред тебе кога ќе дојдеш да ја провериш наградата моја: ако се најде тогаш меѓу моите овци која не е црна или шарена, и меѓу козите мои, која не е шарена или пружеста, значи крадена е.«
34 Лаван му рече: »Нека биде, како што рече!«
35 И ги оддели Лаван истиот ден јарците пружести и шарени и сите кози црвеникави и шарени секоја на која имаше нешто бело и сите црни овци, па им ги предаде на синовите свои.
36 И определи растојание од три дена одење меѓу себе и Јакова. А Јаков го пасеше другиот ситен добиток на Лавана.
37 И зеде Јаков зелени прачки тополови, бадемови и јаворови, па изрежа Јаков пруги, откако ја извади кората до беликата,
38 и ги стави така изрезаните прачки во коритата од поилата, каде што доаѓаа овците да пијат, а бидејќи стоката зачнуваше, кога доаѓаше на вода,
39 овците, гледајќи во прачките зачнуваа, па се раѓаа овци белузлави, дамкичави и шарени.
40 И Јаков ги одделуваше и овците, и им ги свртуваше главите кон шареното и сето црно стадо на Лавана; а своето стадо го одделуваше и не го мешаше со стадото Лаваново.
41 И секогаш кога зачнуваше силниот добиток, Јаков ги ставаше прачките во поилата пред очите на добитокот, за да се пари гледајќи во прачките.
42 А кога се пареше слабиот добиток, тогаш не ги ставаше. И го оставаше слабиот за Лавана, а силниот за Јакова.
43 И така тој човек се збогати многу, многу, та имаше многу ситен добиток и крупен, слугинки и слуги и камили и осли.