Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Galatians 5

:
Macedonian - 1990
1 Стојте така во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем!
2 Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне.
3 А му сведочам пак на секој човек, кој што се обрезува, дека тој е должен да го извршува целиот Закон.
4 Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христа, отпаднавте од благодатта;
5 а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.
6 Зашто во Христа Исуса ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која што дејствува преку љубовта.
7 Вие трчавте добро: кој ви попречи, та да не се покорувате на вистината?
8 Тоа одвраќање не е од Оној, Кој ве повика.
9 Малку квас го потквасува целото тесто.
10 Јас се надевам за вас во Господа дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве возмутува кој и да бил ќе претрпи осуда.
11 А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би се поништила соблазната од крстот.
12 О, да беа отсечени оние, што ве бунеа!
13 Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.
14 Оти, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.
15 А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.
16 Ви велам: живејте по Духот, и желбите на телото ваше нема да ги извршувате.
17 Оти, телото сака противни работи на духот, а духот противни на телото; тие се еден против друг, за да не го правите она, што сакате.
18 Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.
19 Делата на телото се познати. Тие се: прељубодејство, блудство, нечистотија, бесрамност,
20 служење на идоли, магии, непријателство, кавги, ревнувања, гнев, расправии, несогласности, ереси,
21 зависти, убиства, пијанство, срамни гостувања и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.
22 А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,
23 кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.
24 Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.
25 Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.
26 Да не бараме лажна слава, еден друг да не предизвикуваме, еден на друг да не завидуваме.