Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Ezra 4

:
Macedonian - 1990
1 Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленство градат храм на Господа, Бога Израилев;
2 и дојдоа тие при Зороавела и при кнезовите на родовите и им рекоа: »Ќе градиме и ние со вас, зашто и ние како вас прибегнуваме кон вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Асардана, асирскиот цар, кој ни пресели овде.«
3 Им одговорија Зороавел, Исус и другите кнезови на родовите израилски: »Не бива да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господа, Бога Израилев, како што ни заповеда Кир, царот персиски.«
4 Тогаш народот на онаа земја зеде да им ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето;
5 и поткупуваа советници против нив, за да ја расипуваат намерата нивна за сите дни на Кира, царот персиски, до царувањето на Дарија, цар персиски.
6 А во царувањето на Артаксеркса во почетокот на царувањето негово напишаа обвинение против жителите на Јудеја и на Ерусалим.
7 Исто така во дните на Артаксеркса пишуваа и Бислам и Митридат, и Гавеил и други нивни другари до Артаксеркса, царот персиски. Писмото беше напишано со сириско писмо и на сириски јазик.
8 Реум, старешина на Сампса, писар, напишаа вакво писмо против Ерусалим до царот Артаксеркс:
9 »Тогаш и тогаш, Реум и другите нивни другари, Динејците, Афарсалутејците, Тарфалејците, Арфацејците, Архиејците, Вавилонците, Сусанахејците, Савејците, Еламитите
10 и други народи, што ги пресели големиот и славниот Асенафар и ги насели во градовите самариски и во другите градови од онаа страна на реката, и други народи.
11 Еве препис од писмото, што му го испратија нему до царот Артаксеркс, твоите слуги, луѓето, што живеат од онаа страна на реката итн.
12 Да знаеш, царе, дека Јудејците, што излегоа од тебе и дојдоа при нас во Ерусалим, тој бунтован и лош град, прават ѕидови, чии темели веќе ги поправија.
13 Но да знаеш, царе, дека, ако тој град биде изграден и ѕидиштата негови обновени, тие нема да плаќаат ни данок, ни плодови, ни царина, и царската ризница ќе има загуба.
14 А бидејќи јадеме сол од царскиот дворец, и ние можеме да ја гледаме таа загуба за царот, затоа испраќаме известување до царот.
15 Нека се побара во книгата на спомените на татковците твои, и ќе се најде во таа книга на спомени и ќе се дознае дека овој град е град одметник и пакостен за царевите и областите и дека во него настанувале бунтови во старо време, поради што овој град бил опустошен.
16 Затоа му соопштуваме на царот, дека, ако овој град биде изграден и ѕидиштата негови поправени, потоа нема да имаш владеење од онаа страна на реката.«
17 Царот му испрати одговор на Реума, старешината, Валтам и на Сампфа, писарот, и на другите нивни другари, што живеат во Самарија и во другите градови од онаа страна на реката: Мир… итн.
18 »Писмото, што ми го испративте, ми беше јасно прочитано;
19 и јас заповедав, и бараа и најдоа, дека овој град уште од старо време се бунтувал против царевите, и во него настанувале одметнувања и буни,
20 и дека во Ерусалим имало силни цареви, кои владееле во целата задречна област и кои земале данок, летнина и царина.
21 И така, дајте заповед, тие луѓе да престанат да работат, и тој град да не се гради, додека не заповедам јас.
22 Бидете внимателни, за да не испуштите нешто од пред очите свои. Зошто да се дозволува да расте злото на штета на царевите?«
23 Штом писмото на царот Артаксеркс беше прочитано пред Реума и Сампфа, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим при Јудејците и со силно вооружена рака им ги забранија работите.