Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Ezra 5

:
Macedonian - 1990
1 Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, син Адов, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бога Израилев.
2 Тогаш станаа Зоровавел, синот Салатилов, и Исус, синот Јосадеков, и почнаа да градат Божји дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои што ги поддржуваа.
3 Во тоа време дојдоа при нив Татнај, кнезот од оваа страна на реката, и Сатар-Вузанај, со другарите свои, и им рекоа вака: »Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?«
4 Тогаш ние им ги кажавме имињата на луѓето, што ја градеа таа зграда.
5 Но окото на нивниот Бог беше врз старешините Јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дарија, и додека не дојде решение за таа работа.
6 Еве ја содржината на писмото, што го испрати Татнај, задречен кнез, и Сатар-Вузанај со другарите свои Афарсахејци, од онаа страна на реката, до царот Дарија.
7 Во соопштението, што го испратија до него, еве што беше напишано: »До царот Дариј секаков мир!
8 Да знаеш, цару, дека ние бевме во Ерусалимската област при домот на великиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрвја; таа работа врви брзо и успева во рацете нивни.
9 Тогаш ги прашавме нивните старешини и им рековме вака: ‚Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?‘
10 Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни, за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив.
11 Тие ни одговорија со овие зборови: ‚Ние сме слуги на Бога на небото и земјата и градиме дом, што беше изграден многу години пред тоа, а великиот цар Израилев го градеше и го доврши.
12 А кога татковците наши го разгневија Бога небесен, Он ги предаде во раката на Навуходоносора, царот вавилонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон.
13 Но во првата година на Кира, царот вавилонски, цар Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;
14 уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Саванасар, управникот на ризницата,
15 и му рече: земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.
16 Тогаш овој Саванасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.‘
17 И така, ако му е угодно на царот, нека се побара во домот на царските скровишта, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека ја испратат царската волја за тоа.«