Ezra 3
1 Кога настапи седмиот месец, и синовите Израилеви веше беа по градовите, народот се собра како еден човек во Ерусалим.
2 Тогаш стана Исус, синот Јосадеков, и браќата негови, свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, и браќата негови, и му изградија на Бога Израилев жртвеник, за да принесуваат на него сепаленици, како што е пишано во законот на Мојсеја, човекот Божји.
3 Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејќи се плашеа од другоземните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господа, сепаленици утрени и вечерни.
4 И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, со секојдневните сепалениси во определен број според уставот за секој ден.
5 Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господа, како и доброволни приноси на Господа од секого, кој што сакаше.
6 А од првиот ден на седмиот месец почнаа да му принесуваат сепаленици на Господа. Но на Господовиот храм уште не му беа поставени темелите.
7 И почнаа да даваат пари на каменоделци и дрводелци, и јадење, пиење и масло на Сидонци и Тирци, за да донесат кедрово дрво од Ливан по море во Јафа, со дозвола од Кира, царот персиски.
8 На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот Јоседеков, и другите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим, ставија почеток и поставија левити од дваесет години и нагоре, што ќе ги надгледуваат работите при домот Господов.
9 И се зафатија Исус, синовите негови и браќата негови, Кадмил и синовите негови, – синови Јудини – како еден човек за да ги надгледуваат работниците при домот Господов, а исто така и синовите Инададови, синовите нивни и браќата нивни – левитите.
10 Кога ѕидарите ги положија основите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити – синови Асафови – со кимвали, за да го слават Господа по уставот на Давида, царот Израилев.
11 И почнаа да пејат по ред »хвалете« и »славете Го Господа, зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израила е до века.« И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејќи Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Господовиот дом.
12 Меѓутоа, мнозина свештеници и левити и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, кога се градеше новиот храм пред очите нивни, плачеа гласно, но мнозина и подвикнуваа силно од радост.
13 И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто нароот викаше силно и гласот негов се слушаше надалеку.