Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 8

:
Macedonian - 1990
1 Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од месецот, седев дома, и старешините јудејски седеа пред Мене, и се спушти таму врз мене раката од Господа Бога.
2 И погледав; а тоа подобие на маж слично на оган, и од крстот надолу оган, а од крстот негов угоре некаква светлина слична на светлина од пламен.
3 И како да ја протегна раката своја и ме фати за косата на главата моја, и духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме занесе во Божји виденија во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, свртена кон север каде што беше поставен идолот на ревноста, кој побудува ревност.
4 И, ете, таму беше славата на Бога Израилев, слична на онаа каква што видов во полето.
5 И ми рече: »Сине човечки, подигни ги очите свои спрема север!« Ги подигнав очите свои спрема север, а од северната страна при вратата на жртвеникот, пред влезот нејзин беше идолот на ревноста.
6 И ми рече Он: »Сине човечки, гледаш ли што прават; ги гледаш ли големите гадотии, што се вршат тука во домот Израилев, за да се оддалечат од Моето светилиште. Но сврти се, и ќе видиш уште поголеми одвратности.«
7 И ме доведе при влезот во дворот, па погледав, а таму дупка во ѕидот.
8 И ми рече: »Сине човечки, копни во ѕидот.« Јас копнав во ѕидот и ете таму видов некаква врата.
9 И пак ми рече: »Влези и види одвратни гадотии што се вршат таму.«
10 Влегов и гледам, а тоа секакви изобразени животни што се влечат, и нечисти животни, и секакви идоли, во домот Израилев, насликани по ѕидовите наоколу.
11 И седумдесетмина мажи од старешините на домот Израилев стојат пред нив, а Језаниј, синот Сафониев, помеѓу нив; и кај секого од нив во раката кадилница, и густ облак од кадиво се издигаше угоре.
12 И ми рече: »Гледаш ли, сине човечки, што прават во темнина старешините на домот Израилев, секој во својата изнашарена соба, оти велат: ‚Не нѐ гледа Господ, Господ ја остави оваа земја.‘«
13 И пак ми рече: »Сврти се и ќе видиш уште поголеми гадотии, што ги прават тие.«
14 И ме доведе до влезот на вратата од домот Господен, која е кон север, и ете, таму седат жени, што го оплакуваа Тамуза,
15 и ми рече: »Гледаш ли, сине човечки, сврти се и ќе видиш уште поголеми гадотии.«
16 Па ме воведе во внатрешниот двор на домот Господен, а таму пред вратата на храмот Господен, меѓу тремот и жртвеникот, до дваесет и пет мажи стојат со грбот кон храмот Господен, а со лицето кон исток и се клањаат на сонцето спрема исток.
17 И ми рече: »Гледаш ли, сине човечки. Малку ли е тоа за домот Јудин, да вршат такви гадотии, какви што се вршат овде? Но тие и земјата ја наполнија со бесчестие, и двојно Ме разгневуваат, и, ете, тие принесуваат гранки под носевите свои.
18 Затоа и Јас ќе почнам да дејствувам со јароста; окото Мое нема да зажали и нема да се смилува; па макар тие да викаат со силен глас на ушите Мои нема да ги чујам.«