Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 35

:
Macedonian - 1990
1 И би слово Господово до мене:
2 »Сине човечки, сврти го лицето свое кон планината Сеир, изречи против неа пророштво.
3 И кажи н: Вака вели Господ Бог еве, Јас сум против тебе, планино Сеир, ќе ја протегнам против тебе раката Своја и ќе те направам пуста и ненаселена.
4 Градовите твои ќе ги претворам во развалини и ти самата ќе запустиш и ќе познаеш, дека Јас сум Господ.
5 Бидејќи во тебе има вечно непријателство и синовите Израилеви ги предаваше на меч во време на нивните маки, дури и при крајот на нивните беззаконија.
6 затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог, бидејќи со крв си згрешила и крвта ќе те прогони; те гонам; оти крв не си мразела, затоа крвта ќе те гони.
7 Планината Сеир ќе ја направам пуста и степа без живот, и ќе истребам во неа и човек што доаѓа и човек што си оди.
8 И ќе ги наполнам идолските светилишта со нејзините убиени; по твоите ридишта и по твоите долини и по сите твои полиња ќе паѓаат поразени од меч.
9 Ќе те направам вечна пустиња и во твоите градови ќе нема живот, па ќе познаеш, дека Јас сум Господ.
10 Бидејќи ти велеше овие два народа и овие две земји ќе бидат мои и ние ќе владееме со нив, иако е Господ таму.
11 Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог; ќе постапам со тебе според мерката на твојата омраза и твојата завист, што ја искажуваше од омразата кон нив, и ќе им се јавам кога ќе ти судам.
12 И ќе познаеш, дека Јас, Господ, ги чув сите твои навреди, што ги искажуваше против планините Израилеви, велејќи: ‚запустеа, нам ни се дадени за храна!‘
13 Вие се гордеете пред Мене со јазикот свој и ги умножувате зборовите свои против Мене; Јас го чув тоа.
14 Така вели Господ Бог: кога целата земја ќе се радува, Јас ќе те направам пустиња.
15 Како што се радуваше, што делот од Израилевиот дом запусти, така ќе направам и со тебе ќе бидеш опустошена, планино Сеир, и цела Идумеја заедно со тебе, па ќе познаат, дека Јас сум Господ.«