Ezekiel 34
1 И би слово Господово до мене:
2 »Сине човечки, изречи пророштво против пастирите Израилеви, изречи пророштво и кажи им на пастирите – вака вели Господ Бог: тешко на пастирите Израилеви, кои се пасеа сами себе! Зар пастирите не треба да го пасат стадото свое?
3 Вие јадевте масно месо и се облекувавте во волна, колевте угоени овци, а стадото не го пасевте.
4 Слаби не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувате, истерани не враќавте и загубени не баравте, а управувавте со нив преку насилие и жестокост.
5 Тие се распрснаа без пастир, и откако се растурија, станаа плен на сите полски ѕверови.
6 Скитаат овците Мои по сите планини и по секој висок рид и распрснати се по зелата земја овците Мои, и никој не прашува за нив, и никој не ги бара.
7 Затоа, о, пастири, чујте го словото Господово:
8 Жив сум Јас, вели Господ Бог: заради тоа што овците Мои беа оставени да бидат разграбени, па, немајќи пастир, станаа плен на сите полски ѕверови, и заради тоа што пастирите не ги бараа Моите овци, бидејќи тие се пасеа сами себе, а Моето стадо не го пасеа,
9 затоа, пастири, чујте го словото Господово:
10 вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против пастирите и ќе ги барам овците Свои од рацете нивни, и нема да им дадам повеќе да ги пасат овците, и пастирите нема повеќе да се пасат самите себе, и ќе ги одземам Моите овци од нивните челусти, и тие веќе нема да бидат нивна храна.
11 Оти, така вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ги побарам овците Мои и ќе ги прегледам.
12 Како што пастирот го проверува стадото свое, во оној ден кога ќе се најде меѓу своето распрснато стадо, така ќе ги прегледам Јас овците Мои и ќе ги ослободам од сите места, каде што биле прснати во ден облачен и мрачен.
13 Ќе ги изведам од народите и ќе ги соберам од земјите, ќе ги доведам во земјата нивна и ќе ги пасам по планините Израилеви, покрај потоци и по сите места, каде што се живее во таа земја.
14 Ќе ги пасам на добро пасиште и ќе имаат свое трло на високите Израилеви планини; таму во трлото ќе се одмораат добро и ќе пасат на сочно пасиште, по планините Израилеви.
15 Моите овци, Јас ќе ги пасам и ќе ги одморам, вели Господ Бог.
16 Изгубена ќе најдам и истерана ќе вратам, ранета ќе превијам и болна ќе излекувам, здебелена и бујна ќе исчистам; ќе ги пасам со правда.
17 Вас, пак, овци Мои, така вели Господ Бог, Јас ќе ве судам меѓу овца и овца, меѓу овен и козел.
18 Зар малку ви е тоа што пасете на добро пасиште, а другиот дел од пасиштето го газите со своите нозе, и пиете чиста вода, додека остатокот ја матите со нозете свои.
19 Па овците Мои треба да го јадат она, што сте го изгазиле вие со нозете свои, и да го пијат она, што сте го изматиле со нозете свои?
20 Затоа, вака вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ве судам меѓу овца згоена и овца слаба.
21 Бидејќи со слабините и плеќите се туркате, а со роговите ги бодете сите слаби додека не ги истерате надвор.
22 Но Јас ќе ги спасам овците Мои и тие нема веќе да бидат разграбувани, и ќе пресудам меѓу овца и овца.
23 И ќе поставам над нив еден пастир, што ќе ги пасе, слугата Мој Давида; тој ќе ги пасе и тој ќе им биде пастир.
24 И Јас, Господ, ќе бидам нивни Бог, а Мојот слуга Давид ќе биде нивни кнез. Јас, Господ, го реков ова.
25 И ќе склучам со нив завет за мир и ќе ги премавнам од тој дел на земјата сите лути ѕверови, така што тие ќе живеат мирно во степата и ќе спијат во горите.
26 Ќе ги благословам нив сѐ што е околу ридот Мој и ќе им праќам навреме дожд; тоа ќе бидат дождови благословени.
27 И дрвјат во полето ќе го даваат својот плод и земјата ќе ги дава своите производи; и тие ќе бидат во безопаснот на земјата своја и ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе ги скинам врските на јаремот и ги ослободам од рацете на нивните непријатели.
28 Тие нема веќе да бидат плен за народите и полските ѕверови нема да ги јадат; тие ќе живеат спокојно и никој нема да ги заплашува.
29 И ќе им приготвам бујна градина, тие нема веќе да умираат од глад на земјата и нема да трпат срам од народите.
30 И ќе познаат, дека Јас, нивниот Господ Бог, сум со нив и дека тие, домот Израилев, се Мој народ, вели Господ Бог,
31 и дека сте вие Мои овци, овци на Моето стадо; вие сте луѓе, а Јас сум вашиот Бог,« вели Господ Бог.