Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 2

:
Macedonian - 1990
1 Такво беше видението на сјајот од подобието на славата Господова. Кога го видов тоа, паднав ничкум и го чув гласот на Оној, Кој ми зборуваше, и Он ми рече: »Сине човечки, стани на нозе, и Јас ќе говорам со тебе.«
2 И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше.
3 Тогаш Он ми рече: »Сине човечки, Јас те праќам при Израилевите синови, при непокорни луѓе, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешниов ден.
4 Тие се синови со огрубено лице и со жестоко срце; при нив те праќам и ти ќе им кажеш вака вели Господ Бог.
5 Дали ќе те послушаат или нема да те послушаат, бидејќи тие се дом отстапнички но нека знаат дека меѓу нив имало пророк.
6 А ти, сине човечки, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу нив ќе живееш како меѓу трње и скорпии; не бој се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички;
7 и кажувај им ги зборовите Мои па слушале тие или не, бидејќи се тие непокорни.
8 А ти, сине човечки, чуј што ќе ти кажам: не биди како тој отстапнички дом; отвори ја устата и изеди го она што ќе ти го дадам.«
9 И видов, ете, протегната рака спрема мене, и во неа книжен свиток.
10 И Он ги разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање.