Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 1

:
Macedonian - 1990
1 Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, кога бев меѓу преселените при реката Ховар, се отворија небесата и јас видов Божји виденија.
2 Во петтиот ден од месецот, а тоа е петтата година, откако беше заробен царот Јоаким,
3 би слово Господово до свештеникот Језекиила, синот Вузиев, во земјата Халдејска при реката Ховар; и беше таму раката Господова врз него.
4 И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, а околу оган сјаеше;
5 среде него светлина од злато и сребро; во средината негова, пак, видов призраци на четири животни по обликот свој слични на човек;
6 секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив по четири крилја;
7 а нозете нивни прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита, и болскаа како сјаен бакар; крилјата, пак, нивни беа лесни.
8 А под крилјата нивни имаа човечки раце на сите четири страни.
9 Четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во правец на лицето свое.
10 Обликот на лицето нивно им беше како лице човечкио и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна лице телешко при сите четири, и лице орловско кај сите четири животни.
11 И лицата нивни и крилјата нивни одозгора им без разделени, но при секое двете крилја се допираа едно до друго, а двете им ги покриваа телата нивни.
12 И одеа тие, секое во правец на лицето свое; на каде што духот сакаше да оди, натаму и одеа тие; и кога одеа, не се свртуваа.
13 Тие животни личеа на разгорени јаглени, на ламбади; огнот се движеше меѓу животните, и огнена светлина и светкавица излегуваше од огнот.
14 Животните се движеа брзо натаму и наваму, како болскава молскавица.
15 И кога ги гледав животните, ете, на земјата до тие животни имаше по едно тркало спрема четирите лица нивни.
16 Тркалата и обликот нивни изгледаше нешто слично на топаз, и сите четири си личеа едно на друго; и по изгледот и по обликот тие беа како тркало во тркало.
17 А кога одеа, се движеа во своите четири правци; кога се движеа не се свртуваа.
18 А наплатите нивни беа високи и страшни; наплатите кај сите четири наоколу беа полни со очи.
19 И кога одеа животните, се движеа и тркалата до нив; и кога животните се подигаа од земјата, се подигаа и тркалата.
20 Каде што духот сакаше да оди, натаму одеа и тие; накаде што духот ќе тргнеше, и тркалата се подигнуваа подеднакво со нив, бидејќи духот на животните беше во тркалата.
21 Кога одеа животните, одеа и тркалата; и кога стоеја животните, стоеја и тркалата; и кога оние се подигаа од земјата, се подигаа еднакво и тркалата, зашто духот на животните беше во тркалата.
22 Над главите од животните имаше нешто слично на свод небески, како проѕирен кристал издигнат одозгора над нивните крилја.
23 А под сводот се наоѓаа раширени крилјата нивни, свртени едно спроти друго, додека другите две им ги покриваа телата нивни.
24 А кога летаа, слушав шум од крилјата нивни, нешто како шум од многу води, како глас од Сесилниот Бог, силен шум; а кога одеа како шум од воен логор, кога, пак, застануваа, ги спуштаа крилјата свои.
25 И од сводот над главите нивни се слушаше шум; и кога запираа, ги спуштаа крилјата свои.
26 Над сводот над главите, пак, имаше нешто слично на престол, како да беше од каменот сапфир; а на престолот одозгора нешто слично на човек.
27 И видов потоа нешто како светнато злато и сребро, а внатре во него наоколу оган од бедрата угоре; а од бедрата удолу видов слично на оган, околу кого имаше светлина.
28 Како што изгледа виножитото во облаци, во дождовен ден, таква беше таа светлина наоколу.