Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Lamentations 5

:
Macedonian - 1990
1 Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види ја поругата наша!
2 Наследството наше мина на туѓинци, куќите наши на луѓе од други племиња;
3 останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици.
4 водата своја ја пиеме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари.
5 На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здивнеме.
6 Протегаме рака кон Египтјаните, кој Асирците, за да се нахраниме со леб.
7 Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие.
8 Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни.
9 Лебот го добиваме со страв пред мечот во пустињата.
10 Кожата ни поцрнела како печка од лут глад.
11 Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките во градовите јудејски.
12 Кнезовите ги изобесија со свои раце, лицата на старците не ги почитуваа.
13 Младичите носеа рачници, а децата паѓаа под товари дрва.
14 Старците веќе не седат пред портите; младичите не пеат.
15 Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага.
16 Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме!
17 Поради тоа и чезнее срцето наше; поради тоа и потемнеа очите наши.
18 Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа.
19 Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род.
20 Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време?
21 Обрни нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се обрнеме; обнови ги деновите наши како во старо време.
22 Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас?