Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 10

:
Macedonian - 1990
1 И видов, ете на сводот, што е над главите на херувимите, нешто како камен сапфир, како нешто да прилега на престол, се гледаше над нив.
2 И му зборуваше Он на човекот, облечен во ленена облека, па рече: »Влези меѓу тркалата под херувимите, земи полна рака рагорени јаглени од местото меѓу херувимите и расфрли ги врз градот.« И тој влезе пред очите мои.
3 Херувимите, пак, стоеја од десната страна на домот, кога влезе оној човек, и облак го исполни внатрешниот двор.
4 И славата Господова се подигна од херувимот на прагот од домот и домот се исполни со облак и дворот се исполни со светлина од славата Господова.
5 И шумот од крилјата на херувимите се слушаше дури до надворешниот двор, како да е тоа глас од Бога Сесилниот, кога Он зборува.
6 И кога Он му даде заповед на човекот, облечен во ленена облека, му рече: »Земи оган од местото меѓу тркалата, меѓу херувимите«, и кога тој влезе и застана меѓу тркалата
7 тогаш среде херувимите застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огнот, што беше меѓу херувимите, и зеде, па му даде една рака на облечениот во бела лененна облека. Тој зеде и излезе.
8 А под крилјата на херувимите се гледаа подобија слични на човечки раце.
9 И видов: ете четири тркала до херувимите, по едно тркало до секој херувим, а тркалата имаа изглед како да се од каменот топаз.
10 И сите четири по својот вид беа еднакви, како едно тркало да се наоѓаше во друго тркало.
11 Кога одеа, одеа на сите четири страни; кога одеа не се свртуваа, но одеа кон она место, каде што им беше свртена главата; кога одеа не се свртуваа.
12 И телото нивно и грбот нивни и рацете нивни, и крилјата нивни, и тркалата нивни наоколу беа исполнети со очи сите имаа по четири тркала.
13 Тркалата се викаа, како што чув, галгал.
14 И секое животно имаше по четири лица: првото лице лице херувимско, вторто лице лице човечко, третото лице лице лавовско и четвртото лице орловско.
15 Херувимите се подигнаа. Тогаш видов дека тие беа истите животни што ги видов при реката Ховар.
16 Кога одеа херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа крилјата нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа, туку беа при нив.
17 А кога стоеја, стоеја и тие; кога ќе се подигнеа, се подигаа и тие, зашто во нив беше духот на животните.
18 И славата Господова се подигна од прагот на домот, па застана над херувимите.
19 И херувимите ги подигнаа крилјата свои и се подигнаа пред очите мои од земјата. Кога тргнаа, и тркалата беа до нив; па застанаа при влезот на источната врата од домот Господен, и славата на Бога Израилев беше над нив одозгора.
20 Тоа беа истите животни, што ги видов во подножјето на Израилевиот Бог при реката Ховар. И јас разбрав дека тоа се херувими.
21 Секој имаше по четири лица, и секој по четири крилја, а под нозете слично на човечки раце.
22 Лицата им личеа како на оние лица, што ги видов при реката Ховар од ист вид, тие истите. Секој одеше право во оној правец, што беше пред лицето негово.