Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 11

:
Macedonian - 1990
1 Ме дигна духот и ме доведе пред источната врата на домот Господен, која гледаше кон исток. А таму пред влезот на вратата дваесет и пет човека, и меѓу нив го видов Јазанија, синот Азуров, и Фалтија, синот Ванеев, кнезови народни.
2 И Он ми рече: »Сине човечки, еве ги луѓето што на ум имаат да вршат беззаконија и кои му даваат лош совет во овој град,
3 велејќи: ‚Уште е далеку; да си градиме домови; тој е котел, а ние месо.‘
4 Затоа изречи против нив пророштво, пророкувај, сине човечки!«
5 И слезе врз мене Духот Господен и ми рече: »Кажи така вели Господ она што го зборувате вие, доме Израилев, и она што ви иде на ум, тоа Јас го знам.
6 Многумина ваши убиени ги положивте во тој град, и улиците негови се исполнија со трупови.«
7 Затоа, вака вели Господ Бог: »Убиените ваши, што ги оставивте среде него, се месо, а тој котел; но вас Јас ќе ве изведам од него.
8 Вие се боите од меч, а Јас ќе испратам врз вас меч, вели Господ Бог.
9 И ќе ве изведам од него, ќе ве предадам во рацете на туѓинци, и ќе извршам суд над вас.
10 Од меч ќе паднете; во пределите на Израилот ќе ви судам, ќе познаете, дека Јас сум Господ.
11 Он нема да биде за вас котел, и вие нема да бидете во него месо; во пределите Израилеви ќе ви судам.
12 И ќе познаете, дека Јас сум Господ; затоа што не одевте по Моите заповеди и не ги извршувавте Моите наредби, туку одевте по наредбите на народите околу вас.«
13 И ете, кога пророкував, Фалтија, синот Ванеев, умре. И паднав ничкум, викнав со силен глас и реков: »О, Господи Боже, зар сакаш до крај да го истребиш остатокот на Израилот?«
14 И би слово Господово до мене:
15 »Сине човечки, на браќата твои, на твоите браќа, на твоите еднокрвни и на сиот Израилев дом на сите што живеат во Ерусалим, им велат: ‚живејте далеку од Господа, оваа земја дадена ни е нам да ја владееме.‘«
16 За ова кажи им: вака вели Господ Бог »макар и да ги оддалечив меѓу народите и макар што ги распрснав по земјата, Јас за нив пак ќе бидам како светилиште во оние земји, каде што отидоа.«
17 Потоа кажи им, вака вели Господ Бог: »Јас ќе ве соберам од кај народите и ќе ве вратам од земјите, во кои сте се растуриле; и ќе ви ја дадам земјата Израилева.
18 И ќе дојдат таму и ќе ве исфрлат од неа сите гадотии и сите нечистотии.
19 И ќе им дадам едно срце, ќе вложам во нив нов дух, ќе го земам од телото нивно каменото срце и ќе им дадам срце од плот,
20 за да одат по Моите заповеди, да ги пазат Моите наредби и да ги извршуваат; и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе бидат пак нивни Бог.
21 А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивното поведение ќе го свртам врз нивните глави«, вели Господ Бог.
22 Тогаш херувимите ги подигнаа крилјата свои, и тркалата беа до нив; и славата на Израилевиот Бог беше над нив одозгора.
23 И се крена славата Господова среде градот и застана над планината, што се наоѓа источно од градот.
24 И духот ме подигна и ме пренесе во видение, преку Духот Божји, во Халдеја, при преселените. И видението, што го имав, избега од мене.
25 И јас им ги пренесов на изгонените сите зборови Господови, што ми ги откри Он.