Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Ephesians 3

:
Macedonian - 1990
1 Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исуса Христа за вас незнабошците.
2 Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас,
3 односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и погоре ви напишав накратко,
4 од кое, читајќи, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христа,
5 која што, на синовите човечки од поранешните поколенија, не им беше кажана, како што сега се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Светиот Дух.
6 Тоа стана за да бидат и незнабошците сонаследници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христа Исуса преку Евангелието,
7 на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.
8 На мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде да им го проповедам на незнабошците неискажаното богатство Христово
9 и на сите да им откријам во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исуса Христа,
10 та многуразличната премудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни,
11 според предвечното определение, кое Он го изврши во Христа Исус нашиот Господ,
12 во Кого, преку верата во Него, имаме слобода да се доближуваме до Бога со доверба.
13 Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.
14 Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,
15 од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,
16 да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек,
17 и преку верата Христос да се всели во срцата ваши,
18 та вкоренети и утврдени во љубовта, да можете да разбирате со свои светии, што е ширина и должина, што е длабочина и височина,
19 и да ја узнаете Христовата љубов, што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја.
20 А на Оној, Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ, што бараме или помислиме,
21 Нему нека е слава во Црквата преку Исуса Христа во сите родови и за сите векови. Амин!