Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ephesians 4

:
Macedonian - 1990
1 Браќа, јас, затвореник во Господа, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани,
2 со секаква смиреност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден друг со љубов,
3 трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.
4 Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање.
5 Еден е Господ, една е верата, едно е крштавањето,
6 еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас.
7 А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.
8 Затоа е и речено: »Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето«.
9 А што означува »издигајќи се«, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на земјата.
10 Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.
11 И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители,
12 за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело,
13 додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство,
14 та да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, по лукавството на луѓето, по итрото искуство на измамата,
15 туку со вистинска љубов во сѐ да растеме во Оној, Кој е глава, Христос,
16 од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поред силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.
17 Ова, пак, го зборувам и за сведок Го повикувам Господа: да не постапувате веќе, како што постапуваат и другите незнабошци, по суетата на својот ум;
18 помрачени во разумот, отстранети се од Божјиот живот поради нивното незнаење и ожесточување на нивното срце;
19 дојдени до бесчувство, тие се предадоа на бесрамност и ненаситно вршат секаква нечистота.
20 Но вие не Го познавате Христа така,
21 кога навистина сте чуле за Него и во Него сте се научиле дека вистината е во Исуса
22 да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби,
23 да се обновите со духот на својот ум
24 и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината.
25 Поради тоа, откако ја отфрливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме членови еден на друг.
26 Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш;
27 ниту, пак, да му давате место на ѓаволот.
28 Кој крадел, да не краде веќе; а подобро е да се труди, правејќи добро со рацете свои за да има што да му подаде на оној, кој што има потреба.
29 Никаков лош збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат.
30 И не Го оскрбувајте Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето.
31 Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба;
32 а еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа.