Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ephesians 1

:
Macedonian - 1990
1 Од Павла, по волјата Божја апостол на Исуса Христа, до светиите, што се во Ефес, и до верните во Исуса Христа:
2 благодат и мир на вас од Бога, нашиот Отец, и Господа Исуса Христа!
3 Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови во Христа, со секаков духовен благослов од небесата,
4 како што и нѐ избра преку Него, уште пред светот да се создаде, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта,
5 откако предопредели да нѐ посини за Себе преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја,
6 за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ облагодати преку Својот Возљубен Син,
7 во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите по богатството на Неговата благодат.
8 Таа благодат Он ни ја даде изобилно во секоја премудрост и разум,
9 откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение, што го беше од порано положил во Себеси,
10 во уредувањето и извршувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава во Христа.
11 Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени по наредбата на Бога, Кој врши сѐ според волјата Своја,
12 за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христа.
13 Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината Благовестието за вашето спасение и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух,
14 Кој е залог за нашето наследство, та да се откупи Неговото достоинство за пофалба на Неговата слава.
15 Ете, затоа и јас, кога чув за вашата вера во Христа Исуса, и за љубовта кон сите светии,
16 не престанувам да Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,
17 та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение, за да Го познаете,
18 и да ги просвети очите на срцата ваши, за да увидите, во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,
19 и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила.
20 Таа сила Он ја покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата,
21 повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име, со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,
22 и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата,
23 која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.