Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Colossians 2

:
Macedonian - 1990
1 Сакам да знаете, во каква голема борба сум заради вас и заради оние, што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои што не ме видоа лично,
2 за да се утешат срцата нивни, та, соединети со љубов за секое збогатување со совршено разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христа,
3 во Кого се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето.
4 А ова ви го велам за да не ве измами некој со примамливи зборови;
5 оти, ако и да сум отсутен со телото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и вашата тврда вера во Христа.
6 Поради тоа, како што Го примивте Господа Исуса Христа, така и одете по Него,
7 вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност.
8 Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа;
9 оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството,
10 и вие да имате полнота во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
11 во Него сте и обрезани преку неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;
12 откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
13 И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Он заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови;
14 а тоа стана, кога Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го зеде од средината и го прикова на крстот;
15 и, откако ја одзеде силата од началствата и властите, Он ги изложи јавно на позор и ги победи на него.
16 Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или сабота;
17 тоа е сенката на иднината, а телото е Христос.
18 Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум,
19 и не се придржува кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење според Бога.
20 И така, ако вие со Христа умревте за световните стихии, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот:
21 не се фаќај, не вкусувај, не пипај!
22 Сите тие се определени на пропаѓање кога се управуваат според човечките заповеди и учења.
23 Тие имаат само вид на мудрост во своеволното благочестие, а во смиреномудроста и во нештедењето на телото тие никако не се грижат, освен за наситување на телото.