Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Acts 26

:
Macedonian - 1990
1 Агрипа му рече на Павла: »Ти се позволува да зборуваш за себе.« Тогаш Павле ја пружи раката и почна да зборува во своја заштита:
2 »Радосен сум, царе Агрипа, дека денес пред тебе ќе се заштитувам од сѐ, во што ме обвинуваат Јудејците,
3 а најмногу, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво.
4 Мојот живот од младини, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци;
5 тие одамна ме знаат, ако сакаат нека сведочат, дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера;
6 а сега стојам пред суд поради надежта во ветувањето дадено од Бога на татковците наши,
7 кое нашите дванаесет колена се надеваат дека ќе го постигнат, служејќи му на Бога постојано дење и ноќе. За таа надеж, царе Агрипа, ме обвинуваат Јудејците.
8 Што? Зарем вие мислите дека не може да се верува оти Бог воскреснува мртви?
9 Навистина, така и јас мислев дека треба да извршам многу работи против името на Исуса Назареецот;
10 така и направив во Ерусалим и, откако добив власт од првосвештениците, многу светии затворив, а кога ги убиваа, и јас одобрував,
11 и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исуса и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови.
12 За таа цел одејќи во Дамаск, со власт и порака од првосвештениците,
13 посред бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене.
14 Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски јазик: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бодило.‘
15 А јас реков: ‚Кој си Ти, Господи?‘ Он одговори: ‚Јас сум Исус, Кого Го гониш ти.
16 Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти откријам,
17 издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, при кои ќе те испратам сега,
18 за да им ги отвориш очите нивни, та да се обрнат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.‘
19 Затоа, царе Агрипа, јас не се воспротивив на небесното видение,
20 но најнапред на жителите во Дамаск и Ерусалим, а потоа по целата Јудејска земја и на незнабошците им проповедав да се покајат и да се обрнат кон Бога, вршејќи дела достојни за покајание.
21 Затоа ме фатија Јудејците во храмот и се обидоа да ме убијат.
22 Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она, што беа го зборувале Пророците и Мојсеј, дека ќе стане:
23 дека Христос ќе пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им проповеда светлина.«
24 А кога го зборуваше ова во одбрана, Фест извика со висок глас: »Си полудел ли, Павле! Многубројните книги те довеле до лудило.«
25 А тој одговори: »Не сум луд, уважени Фесте, туку кажувам зборови на вистината и со здрав разум.
26 Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто да му е непознато, зашто тоа не е вршено во некој агол.«
27 Веруваш ли, царе Агрипа, во Пророците? Знам дека веруваш.
28 Агрипа му одговори на Павла: »Уште малку, па ќе ме убедиш да станам христијанин.«
29 А Павле рече: »Би Му се молел на Бога и за малку и за многу не само ти, да станете такви, каков што сум и јас но без овие окови.«
30 Кога го кажа тоа, царот и намесникот Верникиј и оние, што седеа со нив, станаа
31 и, откако се повлекоа на страна, зборуваа помеѓу себе и велеа дека тој човек не прави ништо што заслужува смрт или окови.
32 И Агрипа му рече на Фест: »Овој човек можеше да биде ослободен, ако не беше посакал суд пред ќесарот.« Затоа намесникот реши да го испрати пред ќесарот.