Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Acts 21

:
Macedonian - 1990
1 А кога одвај се одделивме од нив и отпловивме, стигнавме право во Кос, а на вториот ден во Родос, и оттаму во Патара;
2 и како најдовме кораб, кој заминуваше за Финикија, се качивме и отпловивме.
3 Откако го наѕревме Кипар и го оставивме одлево, пловевме кон Сирија и слегнавме во Тир, зашто таму требаше коработ да се растовари.
4 И кога ги најдовме учениците, таму останавме седум дена. Тие, поттикнати од Духот, му велеа на Павла да не се качува во Ерусалим.
5 А кога ги поминавме тие денови, излеговме и тргнавме, а сите нѐ испраќаа со жените и децата дури надвор од градот; на брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме.
6 И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома.
7 А ние отидовме од Тир, стигнавме во Птолемаида, ги поздравивме браќата и при нив останавме еден ден.
8 На вториот ден Павле и ние, кои бевме со него, излеговме и дојдовме во Ќесарија и, откако влеговме во куќата на Филипа благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, останавме при него.
9 Тој имаше четири ќерки девојки, кои пророкуваа.
10 И додека ние престојувавме кај нив многу дни, од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав;
11 и кога дојде при нас, го зеде Павловиот појас, па ги врза рацете свои и нозете и рече: »Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, чиј е овој појас, и ќе го предадат во рацете на незнабошците.«
12 Штом го чувме тоа, и ние и тамошните го молевме да не се качува во Ерусалим.
13 Но Павле одговори: »Што правите, та плачете и го нажалувате срцето мое? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господа Исуса.«
14 А бидејќи тој не се двоумеше, ние замолкнавме и рековме: »Нека биде волјата Господова!«
15 По тие дни се приготвивме и се искачивме во Ерусалим.
16 Со нас дојдоа и некои ученици од Ќесарија, кои нѐ одведоа при некој си Мнасон, од Кипар, одамнешен ученик, при кого ќе гостуваме.
17 Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост.
18 На вториот ден Павле влезе со нас при Јакова; дојдоа и сите старешини.
19 И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба.
20 А тие, кога чуја, Го славеа Бога; и му рекоа: »Гледаш, брате, колку десетици илјади Јудејци поверуваа, и сите тие се ревносни на Законот.
21 А за тебе многу им е зборувано дека ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мојсеја, велејќи им да не ги обрезуваат чедата свои, ниту да постапуваат по обичаите.
22 И така, што да се прави? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе чујат дека си дошол.
23 Направи, пак, што ти велиме: при нас има четворица мажи, кои се ветени.
24 Земи ги, очисти се со нив и плати им да си ги истрижат главите, и сите да разберат дека она што го чуле за тебе, не е ништо, туку дека и ти сам живееш според Законот и го пазиш.
25 А за незнабошците што поверуваа ние пишавме, откако решивме, да не пазат ништо такво, туку само да се воздржуваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блудство.«
26 Тогаш Павле ги зеде тие луѓе, и, откако се очисти со нив, на вториот ден влезе во храмот и го објави денот, во кој се навршуваат деновите на очистувањето и во кој ќе се принесе жртва за секого од нив.
27 А кога требаше да се свршат седумте дена, азиските Јудејци, штом го видоа во храмот, го побунија целиот народ и кладоа раце на него,
28 викајќи: »Луѓе Израилци, помогнете! Овој човек насекаде учи против народот, против Законот, против ова место; а освен тоа уште и Елини воведе во храмот, та го оскверни ова свето место.«
29 Оти пред тоа во градот го беа виделе него со ефесеецот Трофим и мислеа дека Павле го вовел во храмот.
30 Целиот град се раздвижи, и народот се насобра. И кога го фатија Павла, го извлекоа надвор од храмот; и веднаш вратата беше затворена.
31 И кога сакаа да го убијат, пристигна вест до заповедникот на полкот дека цел Ерусалим се побунил.
32 А тој веднаш зеде војници и офицери и се спушти спрема нив; тие, кога го видоа заповедникот и војниците, престанаа да го бијат Павла;
33 тогаш заповедникот се приближи, го фати и заповеда да го врзат со двојни вериги, па праша: кој е тој и што направил?
34 Од народот едни викаа едно, други друго. А тој, не можејќи да ја узнае вистината поради крескањето, заповеда да го одведат во тврдината.
35 А кога стигнаа до скалите, војниците требаше да го носат, поради насилието од народот;
36 бидејќи многу народ врвеше по нив и викаше: »Премавни го!«
37 Кога сакаа да го воведат во тврдината, Павле му рече на трибунот: »Можам ли да ти кажам нешто?« А тој рече: »Знаеш ли грчки?
38 Не си ли ти оној Египтјанин, кој пред неколку дни побуни и изведе во пустина четири илјади мажи разбојници?«
39 А Павле одговори: »Јас сум Јудеец од Тарс, граѓанин на тој не непознат град; те молам, позволи да му прозборувам на народот.«
40 А кога тоа му се допушти, Павле застана на стапалата, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски и рече: