Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Acts 16

:
Macedonian - 1990
1 Тој пристигна во Дервија и Листра. И ете, таму живееше некој си ученик, по име Тимотеј, син на жена Јудејка, која беше поверувала, и на татко Елин;
2 тој ученик беше посведочен како добар меѓу браќата во Листра и Иконија.
3 Него посака Павле да го земе со себе; и откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин.
4 И одејќи по градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на одредбите, определени од апостолите и презвитерите во Ерусалим.
5 И така, црквите се утврдуваа во верата, а и по број се умножуваа секој ден.
6 Штом ги преминаа Фригија и Галатијскиот крај, ним им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија.
7 А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот не ги пушти.
8 И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада.
9 Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: »Премини во Македонија и помогни ни!«
10 По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нѐ повикал таму да го проповедаме Евангелието.
11 И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а на вториот ден во Неапол,
12 а оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена.
13 А во саботата излеговме надвор од градот при една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени.
14 И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што зборуваше Павле.
15 А кога се покрсти таа и нејзините домашни, нѐ замоли и рече: »Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!« И нѐ принуди.
16 Во оние дни, кога одевме на молитва, нѐ сретна една слугинка, која имаше гледачки дух, и на господарите свои им донесуваше големи приходи, вражајќи.
17 И одејќи по Павла и по нас викаше, зборувајќи: »Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог, што ви го соопштуваат патот на спасението.«
18 Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павла, тој се сврти кон духот и му рече: »Ти заповедам во името на Исуса Христа излези од неа!« И излезе во истиот час.
19 Штом видоа господарите нејзини дека отиде надежта на нивното богатење, ги фатија Павла и Сила, и ги довлекоа на плоштадот кај началниците.
20 И кога ги приведоа пред управниците, рекоа: »Овие луѓе, што се Јудејци, го бунат нашиот град
21 и проповедаат обичаи што нам, како Римјани, не ни пристои ни да ги примаме, ниту да ги извршуваме.«
22 Тогаш се струпа на нив народот; а управниците, штом им ги расцепија алиштата, повелаа да ги бијат со стапови;
23 и, откако ги испоранија многу, ги фрлија в затвор, а на темничниот стражар му наредија да ги пази добро.
24 А стражарот, штом прими таква заповед, ги фрли во внатрешниот затвор и нозете им ги стегна во клада.
25 Во полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.
26 Одеднаш настана потрес голем, така што и темелите на затворот се поместија, и веднаш се отворија сите врати и оковите на сите отпаднаа.
27 А стражарот темнички, кога дојде при свест и ги виде вратите на затворот отворени, извади меч и сакаше да се убие, оти помисли дека затворениците избегале.
28 Но Павле викна со силен глас и рече: »Не прави на себеси никакво зло, бидејќи сме овде!«
29 А тој побара светило, истрча и растреперен падна пред Павла и Сила;
30 па, откако ги изведе надвор, рече: »Господари, што треба да направам, па да се спасам?«
31 А тие му одговорија: »Поверувај во Господа Исуса Христа, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!«
32 И му го проповедаа словото Господово нему и на сите што беа со него во куќата негова.
33 Па, како ги прибра ноќта во тоа време, им ги изми раните и веднаш се покрсти тој сам и сите негови домашни;
34 и, штом ги воведе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, оти поверува во Бога.
35 А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: »Пушти ги оние луѓе!«
36 Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павла: »Војводите пратија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!«
37 Но Павле им рече: »Откако нѐ биеја пред народот без суд и нѐ фрлија в затвор, нас римски граѓани, сега тајно ли нѐ пуштаат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ извадат!«
38 Градските служители им го кажаа тоа на војводите; а тие се уплашија, кога чуја, дека се тие римски граѓани.
39 И дојдоа, па се извинија пред нив, ги изведоа и ги замолија да излезат од градот.
40 А тие, штом излегоа од затворот, отидоа во домот на Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си тргнаа.