Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Acts 14

:
Macedonian - 1990
1 Во Иконија се случи тие заедно да влезат во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа.
2 А Јудејците, што не веруваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата.
3 Но тие сепак останаа тука доста време и говореа отворено за Господа, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да стануваат знаци и чуда.
4 А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.
5 И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат,
6 тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дервија и во нивната околина,
7 и таму го проповедаа Евангелието.
8 Во Листра имаше еден човек, немоќен во нозете, кој беше хром од мајчината утроба; седеше и не беше одел никогаш.
9 Тој слушаше кога Павле зборуваше; а Павле, кога се вгледа, виде дека во него има вера да оздрави,
10 па му рече со висок глас: »Тебе ти велам во името на Господа Исуса Христа: исправи се на нозете свои!« И тој веднаш почна да скока и прооде.
11 А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и зборуваа на ликаонски: »Боговите слегнале при нас во образ човечки.«
12 И Варнава го нарекоа Зевс, а Павла Хермес, бидејќи тој управуваше со словото.
13 Жрецот, пак, на Зевса, чиј кип се наоѓаше пред нивниот град, откако доведе јунци и донесе венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.
14 Но апостолите Варнава и Павле, кога чуја за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:
15 Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви проповедаме да се обратите од овие лажни работи кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;
16 Кој поранешните поколенија на народите ги остави да врват по нивните патишта,
17 иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.
18 И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа,
19 од Антиохија и од Иконија дојдоа некои Јудејци, и, кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само лажат; а кога го наговорија народот, го каменуваа Павла и го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.
20 Кога се собраа околу него учениците, тој стана и отиде во градот, а на другиот ден со Варнава заминаа за Дерва.
21 И, откако го проповедаа Евангелието во тој град и мнозина придобија и научија, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија,
22 утврдувајќи ги душите на учениците и советувајќи им во верата да бидат постојани, оти во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.
23 Па, откако им ракоположија свештеници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господа, во Кого беа поверувале.
24 А штом минаа преку Писидија, дојдоа во Памфилија;
25 и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија,
26 а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.
27 Штом пристигнаа и ја собраа црквата, тие прикажуваа за сѐ, што направи Бог со нив и како и тоа дека Он ја отворил вратата на верата и за незнабошците.
28 И таму останаа не малку време со учениците.