Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Revelation 20

:
Macedonian - MKB
1 И видов ангел, како слегува од небото, кој имаше во својата рака: клуч од Бездната и голема верига.
2 Тој го фати змевот, старата змија која е ѓаволот и сатаната, и го врза за илјада години,
3 и го фрли во Бездната и го заклучи, ја запечати над него, за да не ги заведува народите, додека не се навршат илјада години; потоа треба да биде одврзан за малку време.
4 И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат; и душите, чии глави беа исечени заради сведоштвото за Исуса и за Божјото слово, кои не му се поклонија на Ѕверот ни на неговиот лик, и кои не ја примија ознаката на своето чело и на својата рака; тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.
5 А другите мртовци не оживеаја, додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение.
6 Блажен и свет е оној, кој има дел во првото воскресение; над овие втората смрт нема власт, туку ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со Него илјада години.
7 А кога ќе се навршат илјадата години, сатаната ќе биде пуштен од својот затвор,
8 и ќе излезе да ги заведува народите по четирите краишта на земјата, Гога и Магога, и да ги собере за војна, чиј број е како морскиот песок.
9 И излегоа на земната ширина, и го опкружија логорот на светите и возљубениот град; и слезе оган од небото, од Бога, и ги проголта.
10 А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков.
11 И видов голем бел престол, и Оној, Кој седеше на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и не се најде место за нив.
12 И ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книжните свитоци; и друг книжен свиток се отвори - Книгата на Животот; и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела.
13 И морето ги предаде своите мртви, кои се во него; и смртта и Подземјето ги предадоа мртвите, кои се во нив, и секој беше суден според своите дела.
14 И смртта и Подземјето беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт, огненото езеро.
15 И кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрлен во огненото езеро.