1Спаси ме, Боже, со Твоето име, и со Твојата сила извојувај ми правда!
2Послушај ја, Боже, мојата молитва, и сослушај ги зборовите на мојата уста!
3Зашто туѓинци станаа против мене и силниците го бараат мојот живот: го немаат Бога пред себеси.
4Ете, Бог ми помага, Господ го крепи мојот живот.
5Ја свртува несреќата врз моите непријатели, истреби ги со Твојата вистина.
6Радосно, од срце, ќе Ти принесам жртва, ќе Го фалам Твоето Име, Господи, зашто е благо;
7зашто Ти ме избави од секоја мака, и моето око ги виде засрамени моите непријатели.