1Ете, колку е добро и колку е мило кога браќата живеат заедно.
2Како скапоцено масло на главата, што слегуваше низ брадата, низ Ароновата брада, што слегуваше по работ на неговите облеки.
3Како роса од Хермон, што слегува на горите сионски. Таму Господ го дава Својот благослов: живот довека.