1Спомни си, о Господи, за Давида и за сите негови тешкотии;
2како Му се заколна на Господа, му се заветува на Јакововиот Силен.
3„Не ќе влезам во шаторот на мојот дом, ниту ќе легнам во леглото на мојата постела;
4ниту ќе им дадам сон на очите, ниту одмор на моите клепки,
5додека не Му најдам место на Господа, живеалиште на Силниот Јаковов.”
6Ете, чувме за Него во Ефрат, го најдовме во Јарските Полиња.
7Да влеземе во Неговото живеалиште, да се поклониме пред Неговите нозе!
8Стани, о Господи, тргни кон Своето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата Сила!
9Твоите свештеници нека се облечат во праведност, Твоите свети нека воскликнуваат радосно!
10Заради Давида, Твојот слуга, не свртувај го лицето од Твојот помазаник!
11Господ му се заколна на Давида, со цврста заклетва од која нема да отстапи: „Потомок од Твојот род ќе го положам на Твојот престол.
12Ако твоите синови ги пазат Мојот Завет и наредбите на кои ги учам, нивните синови, довека, ќе седат на Твојот престол!”
13Зашто Господ го избра Сион, го посака него за Свое седиште.
14„Ова ми е вечно почивалиште, ќе престојувам тука, зашто така посакав.
15Ќе ја благословувам нејзината храна, ќе и ги нахранам бедните со леб.
16Ќе ги облечам во спасение нејзините свештеници, нејзините свети ќе воскликнуваат радосно.
17Ќе направам таму да изникне рог за Давида, ќе ја подготвам светилката за Мојот помазаник.
18Ќе ги облечам неговите непријатели со срам, а врз него ќе блеска Мојот венец.”