1Блажен е секој, кој се бои од Господа, кој оди по Неговите патеки!
2Ти ќе го уживаш плодот на твоите раце, блажен ќе си, и ќе ти биде добро.
3Твојата жена ќе биде како плодна лоза во внатрешноста на твојот дом. Твоите синови како млади маслинови гранчиња, околу твојот стол.
4Ете, така ќе биде благословен човекот, кој се бои од Господа.
5Господ да те благослови од Сион, да уживаш во среќата на Ерусалим, низ сите денови на Твојот живот!
6Да ги видиш синовите на Твоите синови. Мир на Израел!