Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 127

:
Macedonian - MKB
1 Ако Господ не го гради домот, напразно се трудат ѕидарите. Ако Господ не го чува градот, напразно бдее стражарот.
2 Залудно ви е да станувате пред зората и да седите долго во ноќта, вие што го јадете лебот на трудот: Тој им дава на Своите возљубени и во сон.
3 Еве, синовите се дар од Господа, Негова награда е: плодот на утробата.
4 Стрела во раката на воинот - тоа се синовите на младоста.
5 Блажен е човекот кој со нив ќе ја наполни својата торба, не ќе се засрами, кога ќе разговара со непријателот во вратата.