Joel 3MKB

1„Зашто ете, во оние денови и во она време, кога ќе им го вратам пленството на Јудеја и на Ерусалим,

2ќе ги соберам сите народи и ќе ги поведам во долината Јосафат. Таму ќе им судам заради Израел, Мојот народ и Моето наследство, кое го растераа меѓу народите и ја разделија меѓу себе Мојата земја.

3Фрлија жрепка за Мојот народ, даваа дечиња за блудници продаваа девојки за вино и пиеја.”

4„И вие, Тире и Сидоне, што сакате од Мене? И вие филистејски цареви? Сакате ли да ми се одмаздите? Ако Ми се одмаздувате Мене одмаздата ќе падне бргу на вашите глави.

5На вас што ми го одзедовте среброто и златото, што ги однесовте Моите богати ризници во вашите храмови,

6на вас кои им ги продававте на Грците, синовите на Јуда и на Ерусалим за да ги истерате од нивната родина.

7Ете, Јас ќе ги подигнам од местото, каде и да ги продадовте, и ќе направам вашето злосторство да падне на главите ваши.

8Ќе им ги продадам вашите синови и ќерки на Јудините синови, а тие ќе им ги продадат на Савејците, далечен народ. Зашто Господ рече!”

9Разгласете го ова меѓу народите: „Пригответе се за војна! Подигајте јунаци! Напред, нападнете, сите војници!

10Прековете ги ралата во мечеви, срповите во копја, слабиот нека рече: ‘Јунак сум!’”

11Побрзајте и дојдете, сите околни народи, и соберете се онаму! (Господи, испрати ги онаму Твоите јунаци).

12„Станете народи, дојдете во Долината Јосафат, зашто таму ќе седнам да им судам на сите околни народи.

13Фаќајте се за српот: жетвата е зрела. Станете, слезете, бочвата е полна, каците се прелеваат, зашто е голема нивната нечесност.”

14Мноштво, мноштво, во Долината на Пресудата! Зашто е близу Господовиот Ден, во Долината на Судот!

15Сонцето и месечината ќе потемнат, ѕвездите ќе ја изгубат својата светлина,

16Господ ќе загрми од Сион, ќе дига глас од Ерусалим; небото и земјата ќе се тресат. Ама Господ ќе биде заштита на Својот народ и заштита на синовите на Израел.

17„Тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ ваш Бог, Кој престолува на Сион, на Мојата Света Гора. Ерусалим ќе ти биде светилиште, туѓинец веќе не ќе мине низ него.”

18Кога ќе дојде тој ден, горите ќе капат слатко вино, од бреговите ќе тече млеко, водата ќе затече низ сите речни корита во Јудеја. Извор ќе бликне од Господовата куќа за да ја напои Ситимската Долина.

19„Египет ќе запустее, Едом ќе стане безживотна пустина заради насилствата извршени врз Јудините синови, зашто пролеаја невина крв, во нивната земја.

20Јудеја ќе биде населена довека и Ерусалим во сите колена.

21Ќе ја одмаздам нивната крв за која уште не се одмаздив. И Господ ќе пребива на Сион.”

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Joel 3.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.