Isaiah 8MKB

1Господ ми рече: „Земи голема плоча и напиши на неа со човечко писмо: Махер Шалал Хаш Баз - Брз грабеж - брз плен.”

2Потоа зедов веродостојни сведоци, свештениците Уриј и Захариј, синот Еверехиев.

3И се приближив на пророчицата, па таа зачна и роди син. Господ ми рече: „Наречи го Махер Шалал Хаш Баз,

4зашто пред детето да почне да галеничи ‘тате’ и ‘мамо’, ќе ги однесат пред асирскиот цар сето богатство на Дамаск и пленот од Самарија.”

5И Господ ми рече пак:

6„Бидејќи народот ги отфрла тивко течечките води на Силоам, а трепери пред Ресин и пред Ремлиевиот син,

7Господ ќе ја наврати на вас силната и голема вода Еуфрат - асирскиот цар и сета негова слава - и таа ќе излезе од своето корито, ќе се прелее преку своите брегови;

8ќе навлезе во Јудеја, ќе се разлее и ќе ја преплави, ќе се искачи до нејзиното грло; и ќе ги рашири своите крила преку целата твоја земја, о Емануеле.

9Здружете се само, народи, но ќе бидете здробени! Послушајте вие далечни цареви, вооружувајте се, ќе бидете раздробени, опашувајте се, ќе бидете раздробени!

10Договорувајте се, договорот ќе ви биде уништен, советувајте се само, ќе биде напразно, зашто Бог е со нас!”

11Зашто, Господ ми рече вака, кога ме фати со раката и кога ме опомена да не одам по патот по кој оди овој народ, велејќи:

12„Не наречувајте го завера сè она што овој народ го вика завера; не плашете се од она од што се бои тој и немајте страв.

13Господ над Воинствата - единствено Тој нека ви биде свет; бојте се единствено од Него, нека ве проникне стравот од Него.

14Тој ќе ви биде стапица и камен на сопнување и стена на соблазнување за двете Израелеви куќи, стапица и мрежа за сите Ерусалимци.

15Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат, ќе бидат фатени.”

16Запази го ова сведоштво, запечати го ова откровение меѓу Моите ученици:

17Ќе Го чекам Господа Кој го скрил Своето лице од Јакововиот дом - јас се надевам во Него.

18Еве, јас и децата кои Господ ми ги даде сме знак и чудо за Израел, од Господа над Војските, Кој престојува на Сионската Гора.

19Ако ви речат: „Прашајте ги духовите и оние кои пророкуваат за иднината, што шепотат и м’рморат” - одговорете: „Зар народот не треба да Го праша својот Бог? Зар мртвите се прашуваат за живите?”

20Покрај Законот! Покрај сведоштвата! Ако не зборуваат според ова слово, нема светлина во нив.

21Ќе скита по земјата угнетуван и гладен, гладна бес ќе го опфати, ќе ги проколнува својот цар и својот Бог.

22Ако се заврти кон небото, погледне ли по земјата, ете, насекаде само мрак и стравотија, насекаде мрачна темнина. Но темнината ќе се распрсне зашто веќе ќе нема мрак, каде што е сега измачување.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.