Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Zechariah 14

:
Macedonian - 2006
1 Ете, доаѓа денот Господов кога ќе го разделат ограбеното од те­бе среде тебе.
2 Ќе ги соберам сите народи во војна против Ерусалим; градот ќе биде преземен, и домовите разграбени; жените ќе бидат обесчестени, половината од гра­дот ќе отиде во ропство; но останатиот народ нема да биде истребен од градот.
3 Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војува во борбен ден.
4 И ќе застанат нозете Негови на Маслиновата Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна: и ќе се расцепи Маслиновата Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ќе се помести кон север, а втората половина кон југ.
5 И вие ќе побегнете во долината на Мојата гора, зашто планинската долина ќе се протега до Ацал; а ќе побегнете како што бегавте од земјотресот во де­новите на Озија, царот Јудејски; и ќе дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него.
6 Во тој ден нема да има светила, све­тилата ќе бидат премавнати.
7 Тој ден ќе биде чуден, познат само на Господ; ниту ден, ниту ноќ и ноќе ќе биде виделина.
8 Во тој ден ќе потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ќе биде и лете и зиме.
9 И Господ ќе биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ќе биде единствен и името Негово едно единствено.
10 Целата таа земја ќе се претвори во рамнина од Гева до Римон, јужно од Ерусалим, кој ќе се извиши на местото свое и ќе се насели од Портите Вени­јаминови до местото на Првите Порти, до Аголните Порти, и од кулата на Хананел до царските визби.
11 И ќе се населат во него, и проклетство нема да има повеќе, а Ерусалим ќе живее во мир.
12 А еве какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим месото ќе им се распаѓа уште додека стојат на нозете свои, и очите ќе им скапуваат во длабнатините, и јазикот ќе им изгние во устата нивна.
13 И во тој ден ќе завладее голем смут од Господ, така што еден друг ќе се фаќаат за раката своја и секој ќе ја подига раката своја против раката на ближниот свој.
14 Дури и Јуда ќе војува во Ерусалим, и богатството на сите околни народи ќе биде собрано: злато, сребро и облеки во голем број.
15 Таков пораз ќе има и врз коњите и маските, камилите и магарињата, и врз секаков добиток, што ќе се наоѓа во логорите нивни.
16 А потоа сите што ќе преживеат, од оние кои војувале против Ерусалим, од сите народи, ќе доаѓаат од година во година, за да се поклонат на Царот, на Господ Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници.
17 И, ако некое од племињата земни не појде во Ерусалим, за да Му се поклони на Царот, на Господ Саваот, дожд нема да падне кај нив.
18 И, ако племето египетско не тргне на пат и не дојде тука, и него ќе го постигне пораз, со каков што ги порази Господ оние народи, што не доаѓале да го празнуваат празникот Сеници.
19 Таква ќе биде казната за Египет и на сите народи, кои нема да дојдат да го празнуваат празникот Сеници.
20 Во тоа време дури на уздите од коњите ќе биде забележано „Посветен на Господ“, и котлите во домот Госпо­дов ќе бидат како жртвените садови пред жртвеникот.
21 И сите котли во Ерусалим и во Ју­деја ќе бидат посветени на Господ Саваот, и ќе доаѓаат сите што принесуваат жртва, ќе ги земат и ќе варат во нив, и нема повеќе да има ниту еден трговец во домот на Господ Саваот во тој ден.