1Хорот: Каде отиде твојот возљубен, о, најубава меѓу жените? Каде отиде твојот возљубен? Ние ќе го побараме со тебе.
2Возљубената: Мојот возљубен отиде во градината своја, во ароматните цветници, за да пасе во градината и да бере кринови.
3Јас му припаѓам на мојот возљубен, а мојот возљубен мене; тој пасе меѓу криновите.
4Возљубениот: Убава си, мила моја, како Тирца, привлечна како Ерусалим, страшна како војска со знамиња.
5Тргни ги очите од мене, зашто ме збунуваат. Косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галаад;
6забите ти се како стадо овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја е со по две јагниња, и јалова меѓу нив нема,
7твоите образи под превезот твој се како две половинки од калинка.
8Има шеесет царици, осумдесет наложници и безброј девојки,
9но единствена е таа, гулабицата моја, совршената моја; единствена е таа на мајка си, избрана кај родителката своја. Ја видоа девојките, и ја возвеличија, ја видоа цариците и наложниците, и ја пофалија.
10Хорот: „Која е таа, што болска како зора, убава како месечина, светла како сонце, страшна како војска со знамиња?“
11Слегов во ореовата градина да погледнам зелена долина, да видам дали се развила лозата, дали процутеле калинките.
12Веќе не се препознавам самата себеси; по тебе памет губам, јас, девојката од благороден сој.