1Ноќва во леглото мое го барав оној, кого го сака душата моја, го барав и не го најдов.
2Затоа ќе станам, ќе тргнам по градот, по улиците и плоштадите, и ќе го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов.
3Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваат градот: „Дали го видовте — ги прашав — оној, кого душата моја го сака?“
4Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куќата на мојата мајка и во одајата на родителката своја.
5Возљубениот: Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
6Хорот: Која е таа, што се издига од пустината како столб од дим, што мириса на смирна и темјан, и на секакви пријатни мириси?
7Еве ја носилката на Соломон: околу неа шеесет души јунаци, од јунаците Израелови.
8Сите држат по еден меч и се вешти во борба; секој има меч на бедрото свое поради опасностите ноќни.
9Носилка си направил царот Соломон од леванонски дрвја;
10столбовите ги направил од сребро, оградите нејзини се од злато, седиштето — порфир; внатрешноста со љубов ја украсиле ќерките ерусалимски.
11Излезете, ќерки сионски, и погледајте го царот Соломон со венецот, со кој го украсила мајка му во денот на свадбата негова, во радосниот ден за срцето негово.