Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Romans 13

:
Macedonian - 2006
1 Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, заш­то нема власт што не е дадена од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога.
2 Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, ќе паднат под осуда.
3 Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се плашиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа;
4 зашто таа е служител Божји за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи таа не носи залудо оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло.
5 Затоа е нужно да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.
6 Затоа и данок плаќате, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат.
7 И така, дајте секому што сте му дол­жни: кому сте му должни данок нека му се даде данок; кому царина царина; кому страхопочит страхопочит; кому чест чест.
8 И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот.
9 Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!“, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Љуби го ближниот како самиот себеси!“
10 Љубовта не му прави зло на ближ­ниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.
11 И тоа правете го, знаејќи го ова време: веќе дојде часот да се разбудите од сонот, зашто спасението е сега поблиску до нас отколку кога поверувавме.
12 Ноќта одминува, а денот се прибли­жи; да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
13 Да живееме пристојно како дење не во срамни гоштевки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во пре­пирка и завист;
14 туку облечете се во Господ Исус Христос, и грижата за телото не прет­ворајте ја во страсти.