Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 91

:
Macedonian - 2006
1 Кој живее под закрилата на Севиш­ниот, тој престојува во домот на небес­ниот Бог.
2 И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!
3 Зашто Тој ќе те избави од стапицата на ловецот, и од чумата погубна.
4 Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: Неговата верност е штит и одбрана.
5 Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење,
6 од чумата што пустоши во темнина, од зараза што опустошува напладне.
7 Покрај тебе ќе паднат илјада, и де­сет илјади десно од тебе; но до тебе не­ма да се приближат;
8 само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш казната на нечестивите.
9 Зашто, Господ ти е засолниште, на­деж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште;
10 зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој;
11 затоа што ќе им заповеда на анге­лите Свои за тебе, да те чуваат на сите патишта твои.
12 Ќе те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата своја;
13 на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе згазуваш.
14 „Бидејќи се надеваше во Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое.
15 Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него ќе сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам,
16 ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.“