1Јахве, Господи наш, колку е величествено името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата.
2Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Своја заради непријателите Твои, за да го замолкнеш непријателот и одмаздникот.
3Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти:
4Што е тоа човек, та си спомнуваш за него, или син човечки, па се грижиш за него?
5Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го овенчал,
6и си го поставил над делата од рацете Твои, и сѐ си потчинил под нозете негови;
7овците и воловите сите, и ѕверовите полски;
8птиците небески и рибите морски, сѐ што се движи по морските патишта.
9Јахве, Господи наш, колку е величествено името Твое по целата земја!