1Чуј ја Боже, молитвата моја и не криј се од моето молење;
2погледај ме и услиши ме. Нажален сум во тагата моја
3и збунет сум од гласот на непријателите, од притисокот на грешниците, зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев разгоруваат непријателство против мене.
4Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна;
5страв и трепет ме сполетаа, и стравотии ме обзедоа.
6И јас реков: „Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и да се успокојам;
7далеку би отишол и би се сместил во пустината;
8би побрзал да си најдам засолниште од бурата и виорот.
9Смути ги, Господи, и раздели ги нивните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот.“
10Дење и ноќе обиколуваат покрај ѕидовите негови; и во него беззаконие, мака и неправда има;
11а не недостасува ни измама и лукавство по улиците негови.
12Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се сокриев;
13но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, другар мој и пријател мој,
14со кого радосно се дружев и сме оделе заедно во Божјиот дом!
15Смртта нека дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто пакост има среде нив, во живеалиштата нивни.
16Јас, пак, Бога ќе Го повикам, и Господ ќе ме слушне.
17Навечер и наутро, и напладне ќе молам и ќе викам, и Тој ќе го чуе гласот мој,
18ќе ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што се против мене,
19Бог ќе ме чуе и ќе ги понизи; Оној, Кој вечно царува, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога.
20Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нарушија Неговиот завет.
21Говорот им е мек како кајмак, а во срцето им е непријателство; зборовите им се како масло, но тие се стрели.
22Пренеси ја на Господ маката своја, и Тој ќе те поткрепи. Тој нема да дозволи праведниот човек да пострада.
23Ти, Боже, ќе ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и измамниците нема да поживеат ни половина од деновите свои. Јас, пак, во Тебе се надевам!