Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 44

:
Macedonian - 2006
1 Боже, со ушите наши чувме, а тат­ковците наши ни раскажуваа за делото што си го направил во нивните дни, во деновите древни.
2 Ти со Твојата рака си истребил на­роди, а нив си ги населил; си униш­тил народи, а нив си ги раширил;
3 бидејќи тие не со меч ја придобија земјата, и нивните мишки не ги спа­силе, туку Твојата десница и Твојата мишка и светлината на Твоето лице, зашто Ти беа по волја.
4 Боже, само Ти си цар мој и Бог мој, Кој му извојува победа на Јаков.
5 Со Тебе, ги потиснавме нашите не­пријатели, и со Твоето име ќе ги униш­тиме оние, што стануваат против нас;
6 зашто јас нема да се надевам на мојот лак и мечот мој нема да ме спаси;
7 туку Ти нѐ спаси од непријателите наши и ги посрами оние што нѐ мразат.
8 Со Бога се фалевме секој ден и Твоето име вечно ќе го прославуваме.
9 Но сега Ти нѐ отфрли и нѐ посрами, па не излегуваш, Боже, со нашите вој­ски;
10 нѐ сврти во бегство пред непријателите наши, и оние, што нѐ мразат, нѐ ограбуваа.
11 Нѐ предаде како овци на клање и нѐ растури меѓу незнабошците.
12 Евтино го продаде народот Свој, не бараше висока цена за нив;
13 нѐ предаде за презир кај соседите наши, за потсмев и хулење на оние, кои живеат околу нас;
14 нѐ направи за приказ меѓу незна­бошците, и мнозина ја вртат главата.
15 Секој ден срамот мој е пред мене, и црвенило го покрива лицето мое,
16 од гласот на оној што се потсмева и од клеветникот, пред очите на непријателите и одмаздниците.
17 Сето тоа нѐ снајде нас, но ние не Те заборавивме Тебе и не го нарушивме Заветот Твој.
18 И не отстапи срцето наше, и стапките наши не се отклонија од Твојот пат,
19 кога нѐ порази во местото, каде што живеат чакали и нѐ покри со смртна сенка.
20 Ако го бевме заборавиле името на нашиот Бог и да ги бевме протегнале рацете наши кон туѓ бог,
21 зар Бог тогаш немаше да дознае за тоа? Зашто Тој ги знае тајните на срцата.
22 Заради Тебе нѐ убиваат секој ден, нѐ сметаат како овци определени за клање.
23 Разбуди се, зошто спиеш, Госпо­ди!? Разбуди се, и не отфрлај нѐ засекогаш!
24 Зошто го одвраќаш лицето Свое, ја забораваш бедата наша и неволјата наша?
25 Бидејќи душата наша се понизи до прав, а утробата ни се прилепи за земјата,
26 стани, Господи, и помогни ни, избави нѐ поради љубовта Твоја.