Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 33

:
Macedonian - 2006
1 Радувајте се, праведници, во Господ: на праведниците им прилега да Го слават.
2 Славете Го Господа со лира, пејте Му на харфа со десет жици,
3 пејте Му нова песна; пејте Му умешно и со восклик,
4 зашто словото на Господ е право, и сите дела Негови се извршени во верност.
5 Тој сака праведност и суд праведен; со милоста Господова е исполнета Земјата.
6 Преку словото на Господ беа создадени небесата, и преку Духот на устата Негова сите сили нивни.
7 Тој ги собира како во мев мор­ските води; бездните ги става во сокровишта.
8 Нека има страхопочит кон Господ целата Земја; нека треперат пред Него сите жители на светот,
9 зашто Тој рече и тие настанаа; Тој заповеда и се создадоа.
10 Господ ги руши помислите на не­знабошците, ги спречува намерите на народите.
11 А замислата Господова вечно останува; мислите на срцето Негово од род во род.
12 Блажен е оној народ, на кој Господ му е Бог, и луѓето, кои Тој ги избрал за наследство Свое.
13 Од небесата гледа Господ, ги гледа сите синови човечки;
14 од престолот, на кој седи, ги на­б­људува сите, кои живеат по Земјата:
15 Тој, Кој на сите ним им ги создал срцата, пази на сите дела нивни.
16 Не го спасува царот голема војска; голема сила ни јунакот нема да го спаси.
17 Несигурен е коњот за спасување, со големата сила своја не може да избави.
18 Но, ете, очите Господови се врз оние, кои имаат страхопочит кон Него и кои имаат верба во милоста Негова,
19 дека Тој ќе ја спаси душата нивна од смрт и во време на глад ќе ги прехрани.
20 Душата наша се надева во Господ: зашто Тој е наш помошник и наш заш­титник,
21 зашто во Него ќе се весели срцето наше; зашто во светото име Негово веруваме.
22 Милоста Твоја нека биде над нас, Господи, онака како што Ти се надеваме.