1Воздајте Му на Господ, синови Божји, воздајте Му на Господ слава и моќ,
2воздајте Му слава на Господ на името Негово, поклонете Му се на Господ во Неговото светилиште.
3Гласот Господов е над водите; Бог на славата грми, Господ над силните води.
4Гласот Господов е во силата, гласот Господов полн со величественост.
5Гласот Господов крши кедри; ги крши Господ кедрите леванонски,
6и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион — како младо биволче.
7Гласот Господов фрла огнен пламен.
8Гласот Господов ја потресува пустината; ќе ја затресе Господ пустината Кадис.
9Гласот Господов ги породува бремените кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова.
10Господ седи на престолот над водите, и ќе седи Господ како цар довека.
11Господ ќе му даде сила на Својот народ, Господ со мир ќе го благослови народот Свој.