Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 28

:
Macedonian - 2006
1 Кон Тебе, Господи, викам, карпо моја; не оглушувај се кон мене, та да не заприлегам при Твоето молчење на оној што слегува во гроб!
2 Чуј го гласот на молитвите мои, кога викам кон Тебе, кога кревам раце кон Твојот свет храм.
3 Не земај ме со нечестивци и зло­сторници, кои со ближните свои говорат за мир, а во срцето смислуваат зло.
4 Возврати им, Господи, според ни­в­ните дела, според нивните лоши пос­тапки; според делата на нивните раце, возврати им го она што го заслужиле!
5 Бидејќи тие немаат почит кон делата на Господ, ниту кон делата на рацете Негови; Тој ќе ги собори и нема да ги подигне.
6 Благословен е Господ, зашто Тој го чу гласот на молитвите мои.
7 Господ е крепост моја и штит мој; во Него има верба срцето мое и Тој ми помага; затоа се радува срцето мое и јас ќе Го прославувам со песна.
8 Господ е крепост на Својот народ и спасоносно прибежиште за Својот помазаник.
9 Спаси го народот Свој и благо­слови го наследството Твое; биди им Пастир и носи ги довека!