1Оправдај ме, Господи, бидејќи одев непорочно и непоколебливо верував во Господ.
2Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце.
3Твојата милост е пред очите мои, а јас одам во Твојата вистина,
4со луѓе суетни не седам и со престапници на законот Твој не се дружам;
5го намразив друштвото на злонамерните; со нечестивите нема да седнам;
6ги мијам рацете свои во невиноста и го обиколувам жртвеникот Твој, Господи,
7за да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите Твои чудесни дела.
8Господи, го возљубив домот, во кој престојуваш и местото каде што пребива славата Твоја.
9Не погубувај ја душата моја со грешници и животот мој со крвопијци,
10во чии раце има злочини, чија десница е полна со поткупи.
11Јас, пак, одам во својата непорочност, избави ме, Господи, и помилуј ме.
12Ногата моја стои на прав пат, во собранијата ќе Те благословувам, Господи.