1Алилуја! Фалете Го Бога во Неговата светиња, фалете Го во цврстината на силата Негова.
2Фалете Го поради Неговите силни дела, фалете Го поради многуте величија Негови.
3Фалете Го со трубен звук, фалете Го со харфа и цитра.
4Фалете Го со тимпани и во оро, фалете го на струни и со свирка;
5фалете Го со милозвучни цимбали, фалете Го со кимвали громогласни!
6Сѐ што дише — нека Го фали Господа! Алилуја.