1Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова.
2Славете Го Бог на боговите, зашто е вечна милоста Негова.
3Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милоста Негова,
4Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова;
5Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова;
6Кој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова;
7Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста Негова;
8сонцето — да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова;
9месечината и ѕвездите — да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова.
10Кој го порази Египет и првородените негови, зашто е вечна милоста Негова;
11Кој го изведе Израел од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова;
12со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова;
13Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова;
14и го преведе Израел среде него, зашто е вечна милоста Негова;
15а фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова.
16Кој го преведе Својот народ преку пустината, зашто е вечна милоста Негова;
17Кој порази големи цареви, зашто е вечна милоста Негова;
18и ги погуби силните цареви, зашто е вечна милоста Негова;
19Сихон, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова;
20и Ог, царот башански, зашто е вечна милоста Негова;
21и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова;
22во наследство на Својот слуга, Израел, зашто е вечна милоста Негова;
23Кој се сеќава на нас во нашето понижување, зашто е вечна милоста Негова;
24и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова;
25и Кој дава храна на секоја плот, зашто е вечна милоста Негова.
26Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова.