1Од длабочините викам кон Тебе, Господи.
2Господи, чуј го гласот мој. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое, —
3Господи, ако гледаш на беззаконијата, — тогаш кој ќе се одржи, Господи?
4Но во Тебе има простување, за да Те почитуваат.
5Заради името Твое, Господи, чекав долго на Тебе, чекаше душата моја на Твојот збор;
6душата моја Го чека Господа: Од утрената стража па до ноќната, од утрената стража нека се надева Израел на Господ.
7Зашто милоста е во Господ и голем е откупот во Него.
8И Тој ќе го избави Израел од сите негови беззаконија.