1Честопати тие ме напаѓаа уште од младоста моја — нека каже Израел.
2Честопати тие ме напаѓаа од младоста моја, но не ме совладаа.
3На плешките мои орачи ораа, долги бразди повлекуваа.
4Но Господ праведен ги расече јажињата на нечестивите.
5Нека се засрамат и нека се свртат назад сите, кои го мразат Сион!
6Нека бидат како тревата на покрив, која се исушува пред да израсне,
7со која жетварот нема да ја исполни раката своја, ни прегратката своја оној што ја врзува во снопови!
8А минувачите да не викаат: „Благослов Господов на вас; ве благословуваме во името на Господ!“