Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Psalms 118

:
Macedonian - 2006
1 Славете Го Господа, зашто Тој е до­бар, зашто милоста Негова е вечна.
2 Нека каже сега домот Израелов дека милоста Негова е вечна.
3 Нека рече сега домот Аронов дека милоста Негова е вечна.
4 Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господ: дека милоста Негова е вечна.
5 Кога бев на мака, Го повикав Господа и Тој ме услиши и на ширина ме изведе.
6 Господ е мој помошник, нема да се плашам: што може да ми направи човек?
7 Господ ми е помошник: и јас побе­доносно ќе гледам на непријателите мои.
8 Подобро е да се надевам во Гос­под, отколку да се надевам во човек.
9 Подобро е да се надеваш во Гос­под, отколку да се надеваш во кнезови.
10 Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив;
11 ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив.
12 Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се против­ставив.
13 Ме турнаа силно за да паднам, но Господ ми помогна.
14 Господ е крепост моја и сила; Тој стана мое спасение.
15 Глас на радост и на спасение се слу­ша во домовите на праведните; десницата на Господ дава сила!
16 Десницата Господова ме возвишу­ва, десницата Господова дава сила.
17 Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови.
18 Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.
19 Отворете ми ја вратата на правдата: ќе влезам во неа, ќе Го прославувам Господа.
20 Ете, тоа е вратата Господова, пра­ведните влегуваат низ неа;
21 ќе Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое.
22 Каменот што го отфрлија ѕидари­те, стана камен темелник.
23 Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши.
24 Ова е денот што го создаде Гос­под за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.
25 О, Господи, спаси нѐ! О, Господи, побрзај!
26 Нека е благословен оној, кој оди во името на Господ! Ве благословуваме од домот Господов.
27 Бог е Господ и Тој нѐ осветлува; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот.
28 Бог мој си Ти и Тебе ќе Те сла­вам; Бог мој си Ти и Тебе ќе Те превознесувам.
29 Славете Го Господа, зашто Тој е до­бар, зашто милоста Му е вечна.