Proverbs 272006

1Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден.

2Нека те фали друг, а не устата твоја, — туѓ, а не јазикот твој.

3Тежок е каменот, тежок е и пе­сокот; но гневот на глупавиот е потежок и од едното — и од другото.

4Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ќе издржи против зависта?

5Подобро отворено разобличување, отколку сокриена љубов.

6Искрени се прекорите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази.

7Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душа и горчливото ѝ е слатко.

8Она што е птицата, што го на­пуштила гнездото свое, тоа е човекот, кој го напуштил местото свое.

9Маслото и темјанот го радуваат ср­цето; така е сладок пријателот со него­виот срдечен совет.

10Не напуштај го пријателот свој, ни­ту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куќата негова во денот на неволјата твоја; подобро сосед во близина, отколку брат на­далеку.

11Биди мудар, синко, и радувај го ср­цето мое, — и јас ќе имам што да му кажам на оној, што ме клевети.

12Умниот го гледа злото и го одбегнува; а неискусните одат невнимателно и биваат казнувани.

13Земи му ја облеката, зашто се зало­жил за туѓинец; и за туѓинката земи од него залог.

14Кој со силен глас го поздравува пријателот свој од рано утро, поздравот негов ќе се прифати како клетва.

15Непрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаџика се едно исто:

16кој сака да ја задржи, тој сака да задржи ветар и со својата рака масло да фати.

17Железо железо остри, и човек на човека гневот го изострува.

18Кој ја чува смоквата своја, ќе ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ќе биде почитуван.

19Како што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек.

20Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите чо­вечки.

21Она што е топилницата за среброто и печката за златото, тоа се за човекот устите, што го фалат.

22Безумниот да го толчиш со же­лезо во дибек заедно со зрната, — безумието нема да се оддели од него.

23Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои;

24како што богатството не е вечно, така и власта не трае довека.

25Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски,

26тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите — за купување ниви;

27ќе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слугинки за исхрана.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Proverbs 27.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.