Proverbs 252006

1И ова се мудри изреки Соломонови, што ги собраа луѓето на јудејскиот цар Езекија.

2Слава за Бога е да ја обвива секоја работа со тајна, а слава за царевите е да ги истражуваат работите.

3Како небото во висините и земјата во длабочините, така и срцето на царевите е неиспитливо.

4Оддели ја смесата од среброто, и истата ќе биде работа на златарот;

5оддалечи го неправедниот од ца­рот, и престолот негов ќе се зацврсти со правда.

6Не се кревај на големо пред лицето на царот и не седнувај на местото на големците;

7зашто подобро е кога ќе ти кажат: „Дојди тука погоре“, отколку кога ќе те понизат пред очите на кнезот.

8Не брзај да покренуваш тужба, зашто, што ќе правиш на крајот, кога твојот противник ќе те посрами?

9Суди се со противникот, но туѓи тајни не откривај,

10за да не те прекори оној, што ќе го чуе тоа, и тогаш нечесноста твоја нема да избега од тебе.

11Умесно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка.

12Мудриот разобличувач за внимателно уво е како златна обетка и украс од чисто злато.

13Како ладен снег во време на жетва, така е верен оној пратеник, што се испраќа: тој му донесува утеха за ду­шата на својот господар.

14Како облаците и ветровите без дожд, таков е човекот, кој се фали со лажливи подароци.

15Со долготрпеливост се придобива и судија, а мек јазик коски крши.

16Ако најдеш мед, јади колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го повратиш.

17Не оди често во куќата на пријателот свој, за да не му додеваш и да не те намрази.

18Она што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој сведочи лажно против ближниот свој.

19Она што е скршен заб и крива нога, таква е надежта на безна­дежниот во злочест ден.

20Тоа што е оној, кој соблекува облека во студен ден, она што е оцет на ра­на, таков е оној, кој песни пее на ната­жено срце.

21Ако непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода;

22зашто, правејќи го тоа, ти нат­рупу­ваш жар врз главата негова, и Господ ќе ти воздаде.

23Северниот ветер дожд донесува, а таен јазик — незадоволни лица.

24Подобро да живееш во агол на по­к­ривот, отколку со жена кавгаџика во широка куќа.

25Она што е студената вода за из­мачената од жед душа, тоа е добрата вест од далечна земја.

26Она што е нечист извор и матен кладенец, тоа е праведниот кој по­пушта пред безбожниот.

27Како што не е добро да се јаде многу мед, така и да се лакомиш за слава.

28Она што е разрушен град, без ѕи­дови, таков е човекот, кој не владее со духот свој.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Proverbs 25.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.