Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 35

:
Macedonian - 2006
1 И му рече Господ на Мојсеј во Рамнината Моавска кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:
2 „Заповедај им на синовите на Из­раел да им дадат на левитите од добиените делови во владение свое градови за живеење; и поле околу градовите дајте им на левитите;
3 во градовите ќе живеат тие, а полето ќе биде за добитокот нивни, и за сите други нивни животни.
4 Полето околу градовите што ќе им го дадете на левитите, треба да се прос­тира од градскиот ѕид (две) илјади лакти наоколу.
5 И измерете надвор од градот: откај исток две илјади лакти, откај страната на југ две илјади лакти, и страната откај запад две илјади лакти, откај север две илјади лакти, а во средината да биде градот; такво ќе им биде полето околу градовите.
6 Меѓу градовите што ќе им ги дадете на левитите, шест града нека има за засолниште, каде што ќе дозволите да избегаат оние што убиле; и освен нив дајте им уште четириесет и два града:
7 сите градови што ќе им ги дадете на левитите, да бидат четириесет и осум града со поле околу нив.
8 И кога ги давате градовите од владението на синовите израелски, давајте од поголемото повеќе, од помалото помалку; според наследството свое што ќе го добие, секое колено нека им даде од своите градови на левитите.“
9 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
10 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: кога ќе минете преку Јордан во хананската земја,
11 изберете си градови што ќе ви бидат градови прибежишта, каде што би можел да избега убиец, кој убил нена­мерно.
12 И тие градови нека ви бидат засолниште од одмаздникот, та да не биде погубен оној што го извршил убиството, пред да излезе на суд пред народот.
13 А градовите што ќе ги дадете, градовите за засолништа, треба да бидат шест:
14 три града дајте од оваа страна на Јордан и три града дајте во хананската земја; тие треба да бидат градови прибежишта.
15 Тие шест градови да бидат засолништа за синовите на Израел, за придој­дениот и за преселениот меѓу вас, за да избега во нив секој, кој убил човек не сакајќи.
16 Ако некој удри некого со железен предмет и тој умре, тој е убиец: убиецот да биде убиен;
17 и ако некој удри некого, фрлајќи камен со рака, и тој умре од каменот; тој е убиец, убиецот да биде убиен;
18 или ако удри со дрвен предмет со рака, па тој од тоа умре, тој е убиец, убиецот да биде предаден на смрт.
19 Одмаздникот за крв сам може да го убие убиецот: штом ќе го сретне, може сам да го умртви.
20 Ако некој турне некого од омраза, или со умисла фрли на него нешто, така што тој да умре,
21 или поради злоба го удри со рака, па тој умре, тогаш оној што удрил да биде убиен, тој е убиец; одмаздникот за крв може да го умртви убиецот штом ќе се сретне со него.
22 Ако го турне, не сакајќи, и без непријателство, или фрли на него не­што без умисла,
23 или, без да види, откачи некој камен одозгора што може да предизвика смрт, така што оној умре, но тој не му бил непријател и не му мислел зло,
24 тогаш народот да го реши делото меѓу убиецот и одмаздникот за крв според оваа наредба;
25 и народот да го спаси убиецот од раката на одмаздникот за крв, и да го врати во градот на неговото засол­ниште, каде што избегал тој, за да живее таму до смртта на големиот свештеник, кој е помазан со свето масло.
26 Ако убиецот излезе надвор од градот за засолнување, каде што избегал,
27 па одмаздникот за крв го сретне надвор од границата на градот при­бежиште и го убие, нема да биде виновен за крвнина,
28 зашто оној треба да живее во градот на засолништето свое до смртта на големиот свештеник, а по смртта на големиот свештеник убиецот ќе може да се врати во земјата каде што живеел.
29 Тоа да ви биде законска наредба во поколенијата ваши, по сите ваши жи­веалишта.
30 Секој кој ќе убие човек, може да биде казнет со смрт, ако против него сведочат свидетели; но еден сведок не е доволен за осудување на смрт.
31 И не земајте откуп за душата на убиецот, кој е виновен за смртта него предавајте го на смрт.
32 И не земајте откуп за избеган во град за засолнување, за да му дозволите да живее во земјата своја, пред смртта на великиот свештеник.
33 Не осквернувајте ја земјата, на која живеете; зашто крвта ја осквернува земјата, а земјата не се чисти од пролеаната крв поинаку, освен со крвта на оној, кој ја пролеал.
34 Да не ја осквернувате земјата, на која живеете, во која помеѓу вас се населив и Јас; зашто Јас сум Господ, Кој живее меѓу синовите на Израел.“