Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 18

:
Macedonian - 2006
1 И му рече Господ на Арон: „Ти и синовите твои и татковиот ти дом заедно со тебе, ќе го понесете врз себе гревот за немарноста во свети­лиштето; и ти и синовите твои заедно со тебе ќе го понесете врз себе гревот за неисправноста на свештенодејствието свое.
2 Земи ги кај себе браќата твои, од племето Левиево од родот на таткото твој; нека бидат тие кај тебе и нека ти служат, а ти и синовите твои заедно со тебе бидете при скинијата на откровението;
3 и тие нека ти служат на тебе и на целата скинија; само да не се добли­жуваат до светите садови и до жртве­никот, за да не умрете и вие, и тие.
4 Нека бидат тие при тебе и да служат во скинијата на собранието, вршејќи ја и сета работа во скинијата; а човек надворешен да не пристапува кон тебе.
5 Така извршувајте ја службата во светилиштето и при жртвеникот, за да нема во иднина гнев против синовите на Израел;
6 зашто вашите браќа, левитите, Јас ги зедов од синовите на Израел и ви ги дадов вам како дар што Му е даден на Господ, за да служат при скинијата на собранието;
7 а ти и синовите твои заедно со тебе пазете го свештенството свое со сѐ што му припаѓа на жртвеникот и што е внат­ре зад завесата, и служете. Јас ви подарувам служба свештена, а надворешен кој ќе се доближи, да биде убиен.“
8 И му рече Господ на Арон: „Ете, Јас ти ги поверувам на тебе сите осветени дарови што за Мене ги принесуваат синовите израелски. Тебе ти ги давам и на синовите твои преку вечна наредба.
9 Еве што ти припаѓа на тебе од свештените жртви, освен она што се изгорува: секој лебен принос, и секоја жртва за грев, и секоја жртва за вина што тие Ми ја принесуваат. Тоа е голема светиња за тебе и за синовите твои.
10 Тоа да го јадете на најсвето место. Секој од машки пол може да го јаде; тоа да ти биде свето.
11 И ова да биде ваше од првините што се принесуваат, од сѐ што се вознесува од синовите израелски преку вечен закон ти го дадов тебе, и на синовите твои, и на ќерките твои заедно со тебе; секој чист во куќата твоја може да јаде од тоа.
12 Најдоброто од маслото, најдоброто од виното и од житото сите нивни првини што тие Му ги принесуваат на Господ, твои да се;
13 и сите првини од плодовите на земјата нивна што Му ги принесуваат на Господ, твои нека бидат; секој чист од куќата твоја може да го јаде тоа.
14 Сѐ што е ставено под клетва во земјата израелска, да биде твое.
15 И сѐ она што ја отвора утробата во секоја плот, а се принесува на Господ, од луѓе и од добиток, да биде твое. Само првородените од луѓето и од нечистиот добиток да бидат откупувани.
16 Кога ќе бидат на возраст од еден месец и нагоре, можат да бидат откупувани. Земај откуп по фиксна цена: пет шекели сребрени, според свештениот шекел, кој има дваесет гери;
17 но за првороденото теле, и за првороденото од овците, и за првороденото од козите не земај откуп: тие се свети; со крвта нивна попрскај го жртвеникот, а лојот изгори го како жртва за благопријатен мирис на Господ;
18 а месото нивно, пак, ти припаѓа тебе, како што ти припаѓаат градите за возношение и десната плешка.“
19 Сите вознесувани свети дарови кои синовите на Израел Му ги принесуваат на Господ, преку вечно озаконување ти ги давам тебе и на синовите твои и на ќерките твои; тоа е завет постојан, ве­чен пред Господ, даден за тебе и за потомството твое заедно со тебе.
20 И му рече Господ на Арон: „Од земјата нивна ќе немаш наследство и дел нема да имаш меѓу нив, бидејќи Јас сум твојот дел и твоето наследство меѓу синовите на Израел.“
21 „А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сѐ што има Израел, за службата нивна што ја вршат во скинијата на собранието.
22 И по сево ова синовите израелски да не пристапуваат до скинијата на собранието, за да не згрешат и да не умрат.
23 Левитите сами нека ја вршат служ­бата во скинијата на собранието и да го носат врз себе нивниот грев. Тоа е вечно озаконување во поколенијата ва­ши; но меѓу синовите на Израел тие нема да добиваат дел;
24 бидејќи на левитите им го давам како дел десетокот од синовите израелски што тие го принесуваат за возно­шение пред Господ, затоа и им реков: меѓу синовите израелски тие нема да наследуваат дел.“
25 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:
26 „Кажи им на левитите и речи им: кога го земате од синовите израелски десетокот што ви го дадов од нив како дел, вознесувајте Му од него воз­но­ше­ние на Господ: од десетокот десеток.
27 И тоа ваше возношение ќе ви се прими како жито од гумно и како сок од грозје;
28 така и вие вознесувајте Му воз­ношение на Господ, од сите ваши десетоци што ги земате од синовите израелски, и давајте го осветениот дар од нив за возношение Господово на свеште­никот Арон.
29 Од сѐ што ви се дарува, принесувајте Му возношение на Господ, од сѐ што е најдобро и што се осветува.
30 И кажи им: кога ќе принесувате најдоброто од тоа, ќе им се смета на левитите како добивка од гумно и како добивка од преса за грозје.
31 Можете да го јадете тоа на секое место, вие и вашите семејства, зашто тоа ви е награда за вашата служба во скинијата на собранието;
32 и нема да се огрешите ако го принесувате најдоброто од тоа; и нема да ги оскверните светите приноси на сино­вите израелски, и нема да умрете.“